20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНачевски и Николов ќе судат на СП

Начевски и Николов ќе судат на СП

Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) ги објави имињата на судиските двојки кои ќе ја делат правдата на претстојното Светско првенство, што од 11. до 29.јануари 2019 година ќе се одржи во Германија и Данска.

ИХФ за ракометниот Мундијал делегираше 16 судиски двојки, меѓу кое се и најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Инаку, определбата на ИХФ е правдата на СП, во најголем дел да ја делат судии од Европа, бидејќи само три судиски двојки не доаѓаат од стариот континет.

На СП ќе учествува и репрезентацијата на Македонија. Противници во групата на Македонија ќе и бидат националните тимови на Шпанија, Исланд, Словенија, Бахреин и Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП