29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо: Бонучи и Киелини можат да предаваат на Харвард

Мурињо: Бонучи и Киелини можат да предаваат на Харвард

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо им оддаде признание на одбранбените фудбалери на Јувентус за прикажаната игра во победата остварена синоќа над неговиот тим со 1:0.

Мурињо имаше пофални зборови и за своите фудбалери, но беше фасциниран од тоа како Бонучи и Киелини ги одработија своите задачи.

– Господинот Бонучи и господинот Киелини можат да одат на Харвард и да држат предавања на тема „Како да се биде сјаен дефанзивец“, истакна португалскиот тренер.

Фантастични, се. Воопшто целиот тим им функционира беспрекорно. Тука се секако Роналдо и Дибала. Тие се фаворит број 1 за трофејот во Лигата на шампионите, додаде Мурињо.

Јувентус има максимални девет бода по трите рунди во Х-групата, Манчестер Јунајтед е втор со четири бода, а по нив се Валенсија со два и Јанг Бојс со еден бод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП