ПочетнаКУЛТУРАВиолинистката Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет ќе одржи концерт за деца

Виолинистката Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет ќе одржи концерт за деца

Виолинистката Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет ќе одржи концерт за деца на 20 октомври, со почеток во 12 часот, во малата сала на Македонската филхармонија.

„Пламенка Трајковска – мали камерни состави“ го најавуваат својот најнов проект посветен на децата и младите „Што е тоа… гудачки квартет“, чија цел е доближување на класичната музика до овој сегмент од населението. Првиот дел од проектот се однесува на гудачките инструменти и музичките состави коишто децата и младите, преку еден интерактивен и мултимедијален концерт, ќе можат да го видат/слушнат/осетат. Концертот ќе вклучува и сценски движења и мултимедијални елементи преку кои учесниците ќе ги однесе во светот на класичната музика и ќе ги запознае со музичките инструметни и начинот на музицирање на виолина, виола и виолончело. На концертот покрај Пламенка Трајковска ќе настапат Наташа Диденко, Љубица Бошкова и Маја Михајловска.

„Пламенка Трајковска – мали камерни состави“ досега имале можност за реализираат повеќе концерти за деца во Скопје и во домовите за култура во Македонија. Од почетокот на годината „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“ реализираа повеќе концерти за деца со наслов „Музика и танц за учениците“ во општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, а сега го започнуваат новиот проект наменет за доближување на класичната музика до децата – „Што е тоа… гудачки квартет“.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и од Македонската филхармонија.
Билетите за овој несекојдневен настан може да се купат на билетарницата на Македонската филхармонија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП