ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона ќе ја засилува одбраната со Ивановиќ

Барселона ќе ја засилува одбраната со Ивановиќ

Шпанскиот шампион Барселона сака во јануари да го ангажира српскиот одбранбен фудбалер Бранислав Ивановиќ, објави „Мундо Депортиво“.

Како што е наведено, Каталонците во Ивановиќ гледаат добра замена за повредените Самуел Умити и Томас Вермален.

Покрај српскиот искусен играч, во игра се уште две имиња од Ла Лига, Џен Дакунам од Хетафе и Унај Нуњез од Атлетик Билбао, но предноста е во тоа што Ивановиќ би бил поефтин поради возраста и фактот дека на лето му истекува договорот со Зенит.

Интересно е тоа што Каталонците пред две години посака да го видат Ивановиќ во своите редови, но тој одлучи од Челзи да замине во Русија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП