25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрафик на денот: Финансиското лице на Лигата на нации

График на денот: Финансиското лице на Лигата на нации

Европската фудбалска асоцијација на УЕФА потврди дека секоја од 55-те европски земји кои се натпреваруваат во Лигата на нации ќе добијат зголемување на надоместокот за солидарност и парични награди.

Поголемото финансирање беше овозможено со профитот на УЕФА од Европското фудбалско првенство во 2016-та година, како и стабилната состојба на нејзините финансии.

Денешниот график на „Statista“ покажува точно како ќе се распределат надоместоците за солидарност и паричните награди.

Надоместоците за солидарност за „Лигата А“, на пример, ќе достигнат 2,25 милиони евра по тим, а победникот ќе добие бонус од 2,25 милиони евра. Износот на средствата е различен во четирите различни лиги и изнесуваат само 750.000 евра по тим во „Лигата Д“. Победникот на групата ќе добие ист износ.

Кога зборуваме за најголемите награди, победниците на Лигата на нации како целина ќе освојат 6 милиони, а второпласнираниот вкупно 4,5 милиони евра. Третиот треба да добие 3,5 милиони евра и четвртиот 2,5 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП