20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнри го презема Монако

Анри го презема Монако

Французинот Тиери Анри в понеделник ќе го преземе Монако, пишува „Скај Спортс“.

Легендата на Арсенал и францускиот фудбал би требало да е човекот кој ќе го замени Леонардо Жардим, кој беше отпуштен претходно оваа недела.

Монако и Анри се во напредни разговори и двете страни се надеваат дека ќе го финализираат договорот до крајот на оваа недела.

Во моментов тимот од Кнежеството се наоѓа на 18-тата позиција во француската Лига 1, со само една победа од почетокот на шампионатот.

Анри не е непознато име за тимот. Тој ја започна својата кариера во Монако и играше за тимот пет години, а во 1997 година, успеа да ја освои титулата на Франција под раководство на Жан Тигана.

Французинот ја заврши својата играчка кариера во 2012 година, а ова лето тој беше помошник на Роберто Мартинез во белгискиот национален тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП