19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлкасер ја убеди Борусија да го купи за 23 милиони евра

Алкасер ја убеди Борусија да го купи за 23 милиони евра

Пако Алкасер е најпродуктивниот напаѓач во светот од почетокот на сезоната. Шпанецот кој во финишот на преодниот рок се согласи од Барселона да се пресели во Дортмунд како позајмен играч, постигнува гол на секои 24 минути.

Договор во врска со Алкасер што го постигнале двата клуба предвидува дека Борусија може да го откупи за сума од 23 милиони евра. Германците се задоволни од Шпанецот и по нецели два месеца и размислуваат да ја платат бараната сума и тој да целосно да стане нивни фудбалер.

Алкасер во досегашниот тек од Бундеслигата има постигнато седум гола на четири одиграни натпревари, а синоќа постигна два гола за Шпанија во победата над Велс 4:1.

Доколку Борусија го откупи неговиот договор, Алкасер ќе стане третиот најплатен играч во тимот. Пред него ќе бидат само староседелците Марио Геце и Марко Ројс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП