Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Македонци инволвирани во наместени фудбалски натпревари во Белгија

Време: 14:09

Датум: октомври 10, 2018

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 44 рации и апсења во Белгија и 13 во странство, вклучително и Македонија, се спроведени во рамки на истрагите на повеќе белгиски полициски единици за наместени фудбалски натпревари. Ова е веста што ја соопштија белгиските власти денеска околу пладне.

Десет белгиски клубови од Лига 1А: Стандард, Андерлехт, Бриж и Генк…. биле под истрага. Утрово полицијата сѐ уште истражувала во просториите на клубот Стандард од каде биле конфускувани низа документи. Клубот тврди дека не е загрижен и соработува со истрагата.

Истрагата почнала уште во 2017 година кога полицијата во Белгија била информирана од страна на единицата за спортски малверзации за сомнеж околу можни наместени натпревари и сомнителни финансиски трансакции.

Се верува дека менеџерите на некои од фудбалерите биле инволвирани во овие трансакции и дека криеле провизии од властите и од други инволвирани страни. Провизиите се однесувале меѓудругото на трансфер на играчи, платите на играчи и на нивните тренери и низа други исплати. За време на истрагата почнале да се појавуваат индикации за влијание врз натпреварите 2017/2018. Во тој миг федералното јавно обвинителство одлучило да го прошири мандатот на истражниот судија на оваа област.

Во Белгија е уапсен Моги Бајат, многу позната фудбалска фигура во земјата, но и тренерот од Бриж, Иван Леко, поранешниот директор на клубот Андерлехт, Херман Ван Холсбек, и двајца судии, потврди обвинителството денеска.

Обвинителите информираа дека операции се воделе во многу други земји, вклучително и Македонија, Србија, Франција, Луксембург, Црна Гора и Кипар. Операциите се кооридинирани судски на ниво на Еуроџаст.

Во странство главно станува збор за операции кај лица за кои постои сомнеж дека помогнале да се организираат сомнителните финансиски трансакции. Конфискувани се докумени и сефови, меѓу другото.

Во неделата, на Фејсбук страницата на “Македонци во Белгија“ се појави објава во која се повикуваат членовите на групата ако се заинтересирани да уплатат за наместен натпревар. Меѓутоа, нејасно е дали станува збор за стапица во рамки на истрагата, шега или дел од наместените натпревари.

На предметот работеле вкупно 220 полицајци, од кои 184 во Белгија, а 36 во странство.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Дали Германија е подготвена за спојување на Deutsche Bank и Commerzbank?

    Дали Германија е подготвена за спојување на Deutsche Bank и Commerzbank?

    Германското Министерство за финансии е подготвено да го организира спојувањето меѓу „Deutsche Bank“ и „Commerzbank“, соопштува „Bloomberg“. Биле разгледани различни сценарија, вклучувајќи и такво во…

  • УЈП во Аеродром ќе работи до 18 часот

    УЈП во Аеродром ќе работи до 18 часот

    Канцеларијата на Управата за јавни приходи (УЈП) во општина Аеродром почнувајќи од денеска до крајот на година ќе работи до 18 часот. Од УЈП соопштија…

  • Велика Британија може еднострано да се повлече од Брегзит

    Велика Британија може еднострано да се повлече од Брегзит

    Европскиот суд на правдата пресуди дека Обединетото Кралство може еднострано да ја повлече својата одлука за напуштање на Европската унија. Пресудата беше објавена пред утрешните…

  • Каде згреши Емануел Макрон?

    Каде згреши Емануел Макрон?

    Политика на францускиот претседател не успеа поради тоа што е лоша, регресивна политика, која најсилно ги погоди најсиромашните. Францускиот претседател Емануел Макрон нема да ја…

  • Лоши навики кои ги „убиваат“ бубрезите

    Лоши навики кои ги „убиваат“ бубрезите

    Докажано е дека здравјето на бубрезите е од клучно значење за здравјето на коските, бидејќи бубрезите филтрираат токсини кои ги прават коските послаби со стареењето.…

  • Трамп го зголемува буџетот за војската кога се најавува штедење во сите други сектори

    Трамп го зголемува буџетот за војската кога се најавува штедење во сите други сектори

    Американскиот претседател, Доналд Трамп, го поддржа планот според кој од Конгресот треба да се побараат 750 милијарди долари за војниот буџет за следната година, изјави…

  • Милвоки победник во дербито на Источната конференција (видео)

    Милвоки победник во дербито на Источната конференција (видео)

    Дербито на Истокот помеѓу Торонто и Милвоки донесе гостинска победа за Бакси, кои се вратија на победничките патеки, по неуспехот на домашен терен против шампионот…

  • Оваа недела би можела да биде клучна за брегзитот

    Оваа недела би можела да биде клучна за брегзитот

    Неделава би можела да биде клучна за судбината на брегзитот – во Брисел ќе има средба на челниците на земјите-членки, а во Стразбур ќе се…

  • Италија го казни „Фејсбук“ со 10 милиони евра

    Италија го казни „Фејсбук“ со 10 милиони евра

    Италијанската агенција за заштита на конкурентноста го казни „Фејсбук“ со 10 милиони евра. Агенцијата ја казни компанијата поради продажба на податоците на корисниците. Агенцијата смета дека…

  • САД најголем производител на оружје во светот, Русите ги поминаа Британците

    САД најголем производител на оружје во светот, Русите ги поминаа Британците

    САД остануваат убедливо најголемиот производител и продавач на оружје во светот, се наведува во најновиот извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот. Во…