Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

НБРМ: Натамошен раст на кредитите, пад на депозитната база

Време: 12:56

Датум: октомври 10, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

На 9 oктомври 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на којашто беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Комитетот оцени дека монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови, при што одлучи да ја задржи каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,75%. На седницата, исто така, се одлучи понудата на благајнички записи, за аукцијата којашто ќе се одржи на 10 октомври 2018 година, да се задржи на нивото од 25.000 милиони денариОпшто земено и на оваа седница, Комитетот ги задржа досегашните согледувања за здрави економски основи и стабилни очекувања на економските субјекти, видливи преку поволните движења на девизниот пазар и растот на депозитната основа на банките. Ризиците за економијата од домашното, но и од надворешното окружување и понатамусе присутни.

Споредбата на последните макроекономски показатели за домашната економија со нивната проектирана динамика од априлскиот циклус проекции упатува на одредени отстапувања во одделни сегменти од економијата. Согласно со објавените проценети податоци, растот на БДП за првата половина од годината е послаб од очекуваниот, главно заради привременото запирање на дел од поголемите проекти во рамки на јавните инфраструктурни инвестиции. За третиот квартал, при ограничен обем на расположливи податоци, засега не може да се даде попрецизна оцена за состојбата во економијата, но сепак, најголемиот дел од високофреквентните податоци упатуваат на продолжување на поволните движења во економијата и во овој квартал од годината.

Во однос на инфлациските движења, во периодот јануари – септември, просечната годишна стапка на раст на потрошувачките цени изнесува 1,5%, што претставува надолно отстапување во однос на априлската проекција. Во услови на послаби остварувања, но и нагорна ревизија на надворешните влезни претпоставки кај проекцијата на инфлацијата, се оценува дека ризиците околу проектираната стапка на инфлација за 2018 година се врамнотежени.

Последните податоци за девизните резерви покажуваат раст во однос на крајот на претходната година, за што во голем дел придонесуваат и интервенциите со нето-откуп на девизи од страна на НБРМ. Растот кај девизните резерви е малку повисок од очекуваниот со априлската проекција, а анализата на показателите за адекватноста на девизните резерви покажува дека тие и понатаму се во сигурната зона. Расположливите показатели од надворешниот сектор за третиот квартал од годината засега се ограничени. Податоците за надворешнотрговската размена за периодот јануари – август укажуваат на малку повисок трговски дефицит во однос на априлската проекција, додека расположливите податоци за менувачкиот пазар покажуваат повисок нето-откуп. Во однос на остварувањата во вкупниот биланс на плаќања, податоците за првата половина од годината упатуваат на подобри остварувања и кај тековните и кај финансиските трансакции во однос на априлската проекција.

Првичните монетарни податоци за септември 2018 година покажуваат натамошен раст на кредитите, при забележано месечно намалување на депозитната база. Имено, во септември, депозитите забележаа мал пад, што произлезе од намалувањето на корпоративните депозити, додека штедењето на домаќинствата и натаму се зголемува. На кредитниот пазар, во септември, се забележуваат позитивни поместувања кај корпоративното кредитирање, коешто по намалувањето во претходните два месеца, во септември бележи раст и има најголем придонес кон растот на вкупните кредити. Воедно, продолжи и трендот на зголемување на кредитната поддршка на населението. Депозитните и кредитните текови во текот на третиот квартал се повисоки од очекуваните за овој период, при што и нивото на депозитите и на кредитите во септември го надминува проектираното.

Во периодот помеѓу двете месечни седници на Комитетот, денарските ликвидни средства на банките се намалија, под влијание на трансакциите на државата, што делумно беше надоместено со сезонски пониската побарувачка за денарска готовина.

На девизниот пазар Народната банка, и во текот на септември и првите денови од октомври, интервенира со откуп на вишокот девизи, придонесувајќи за умерено зголемување на денарската ликвидност на банките. Од почетокот на годината досега, вкупниот откуп на девизи од страна на Народната банка изнесува околу 250 милиони евра. Интервенциите ги одразуваат поволните поместувања на девизниот пазар во трансакциите на банките со корпоративниот сектор, но и поголемиот нето-откуп на менувачкиот пазар, а при истовремено солидна девизна ликвидност на банкарскиот систем.

Високата денарска ликвидносна позиција кај најголем дел од банките, и во септември придонесе за намален обем на тргување на пазарите на пари, а банките го пласираа поголемиот дел од вишокот денарски средства во расположливи депозити преку ноќ кај Народната банка.

Во септември, беше забележано зголемување на приносите на државните обврзници од двете страни на Атлантикот, под влијание на постепеното враќање на склоноста кон преземање ризик и потврдата за постепено намалување на монетарниот поттик во еврозоната. Имено, на последниот состанок на ЕЦБ беше потврдено дека, почнувајќи од октомври, ќе се намалува месечниот откуп на хартии од вредност во рамки на програмата за квантитативно олеснување, а претседателот Драги посочи на очекувања за натамошно приближување на инфлацијата кон целната инфлација, што создава простор за почеток на нормализирање на политиката во текот на наредната година. Централната банка на САД – ФЕД продолжи со започнатата нормализација на монетарната политика, така што по третпат во 2018 година, го зголеми целното ниво за распонот на каматните стапки, за 25 базични поени, на нивото од 2-2,25%. И покрај ваквата стабилизација, во текот на месецот на пазарите се појавуваше одредена неизвесност и зголемен интерес на пазарните учесници за инвестиции во сигурни финансиски инструменти. Оваа неизвесност беше реакција на ризиците околу фискалната позиција на Италија. Натамошното заострување на трговските тензии помеѓу САД и Кина, по стапувањето во сила на дополнителните царини воведени од страна на САД за увоз на кинески производи во вредност од 200 милијарди САД-долари, предизвика дополнителна пазарна неизвесност.

Општо гледано, на седницата беше заклучено дека од намалувањето на каматната стапка во август па досега, не се забележани поголеми промени во трендовите кај показателите клучни за монетарната политика. Последните макроекономски показатели и оцени кај одредени сегменти упатуваат на извесни отстапувања во однос на проектираната динамика, коишто засега не предизвикуваат поголеми промени во согледувањата за амбиентот во кој се спроведува монетарната политика. На седницата беше констатирано дека и натаму постојат ризици и од домашното и од надворешното окружување, при што Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи сите економски и пазарни показатели во контекст на поставеноста на монетарната политика.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Италијанската влада: Не сакаме да ги видиме сликите од Париз

    Италијанската влада: Не сакаме да ги видиме сликите од Париз

    Италијанската популистичка влада ги предупреди европските партнери дека социјалната стабилност на земјата е изложена на ризик ако Брисел продолжува да не го прифаќа утврдениот буџет…

  • МЗ обезбеди средства за вложениот труд на стоматолозите специјализанти

    МЗ обезбеди средства за вложениот труд на стоматолозите специјализанти

    За првпат Министерството за здравство од оваа година обезбеди средства за вложениот труд на приватните специјализанти, соопштија од Министерството од каде додаваат дека обезбеден е…

  • Трговскиот суфицит на Германија се намали во октомври

    Трговскиот суфицит на Германија се намали во октомври

    Германскиот трговски суфицит се намали до 18,3 милијарди евра во октомври 2018-та од 19,1 милијарди евра за истиот месец од претходната година, а увозот се…

  • Снегот пристигнува – што нудат нашите скијачки центри?

    Снегот пристигнува – што нудат нашите скијачки центри?

    Скијачката сезона е на прагот, на планините падна и првиот снег иако во мали количини кои се уште не се доволни за зимските спортови. Понудата…

  • BBC: Меј го откажува гласањето за Brexit

    BBC: Меј го откажува гласањето за Brexit

    Британската премиерка, Тереза Меј, го откажува гласањето во парламентот по прашањето за одобрување на нацрт-договорот за „Brexit“, кој го прифатија лидерите на Европската Унија, објави…

  • ММФ: Одложувањето на растот на економијата на САД ќе биде посилно во 2020-та

    ММФ: Одложувањето на растот на економијата на САД ќе биде посилно во 2020-та

    САД ќе ги почувствуваат последиците од истакнатото забавување на растот во остатокот од светот, предупреди синоќа главниот економист на Меѓународниот монетарен фонд Морис Обсфелд. Тој…

  • Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, дизелот за 2,5

    Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, дизелот за 2,5

    Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,50, а на дизел горивата за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија…

  • Поскапување на паркингот во денови на енормно загадување на воздухот

    Поскапување на паркингот во денови на енормно загадување на воздухот

    Советот на Град Скопје денеска ќе расправа за поголем број одлуки и програми за работата на Град Скопје. На денешната седница Советот ќе решава за…

  • Тевдовски: Во Македонија има претпријатија кои се општествено одговорни

    Тевдовски: Во Македонија има претпријатија кои се општествено одговорни

    Министерот за финансии, Драган Тевдовски го отвори овогодишниот „Форум на добри компании“ организиран од „Паблик“, а поддржан од Европската Унија и Германската Амбасада. Тој и…

  • Штрајкот на германските железничари ги стопира меѓуградските возови

    Штрајкот на германските железничари ги стопира меѓуградските возови

    Штрајкот на железничарите поради спорот околу платите со работодавачите ги стопира меѓуградските возови ширум Германија, објави железничката компанија „Дојче бан“. Од компанијата велат дека доцнењето…