29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Кавалерија рустикана“ на сцената на МОБ

„Кавалерија рустикана“ на сцената на МОБ

На 10 октомври, среда, на сцената на Македонската опера и балет публиката повторно ќе се сретне со „Кавалерија рустикана“ од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи.

Во режија на гостинот од Италија Џандоменико Вакари и под диригентската палка на Иван Еминовиќ во изведбата ќе учествуваат солистите Павлина Новакова во улогата на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Ристе Велков во улогата на Алфио, Николина Јаневска – Лола и во улогата на Мама Лучија-Марика Поповиќ. Учествува хорот и оркестарот на МОБ.

Композиторот Пјетро Маскањи ја напишал „Кавалерија рустикана“ на 28-годишна возраст инспириран од новела на Џовани Верга.

Либретото е на Џовани Тарџони – Тоцети и Гвидо Менаски. На конкурсот на издавачот Сонзоњо ја добива првата награда и како резултат на овој конкурс операта својата светска премиера со огромен успех ја доживува на сцената на Театро Констанца де Рома на 17 мај 1890 година. До денес таа е редовно на репертоарот на сите сцени низ светот. Пишувана е во веристички манир и е рчиси во исто време кога настанува и едночинката Паљачи на Руџеро Леонкавало, па често тие две веристички опери се изведуваат во иста вечер на сцените на најголемите оперски куќи во светот.

Маскањи во својот композиторски ракопис во „Кавалерија рустикана“ користи народни напеви од југот на Италија (сицилијаната O Lola и бриндизи Viva il vino spumeggiante ). На сцената на МОБ и на МНТ има повеќе премиерни изведби. Првата е и официјалниот почеток на работата на операта на МНТ на 9 мај 1947 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП