18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига Европа: Милан се враќаше од мртвите, голот на Тричковски недоволен за...

Лига Европа: Милан се враќаше од мртвите, голот на Тричковски недоволен за АЕК

Патрик Кутроне и Гонзало Игуаин постигнаа три гола за неполни 10 минути за Милан да избегне драматичен пораз од Олимпијакос во второто коло на Лига Европа на „Сан Сиро“, а Иван Тричковски се врати на головите за АЕК Ларнака, но кипарскиот тим загуби со 4:2 од Баер Леверкузен.

Гостите од Грција поведоа уште во 14. минута од мечот преку Мигуел Гереро и тој резултат беше актуелен до 70. минута кога Кутроне израмни за само шест минути подоцна Игуаин да ги донесе „росонерите“ во водство. Кутроне го постигна вториот гол во 79. минута за важна втора победа во ЛЕ кога во првото коло се намачија за 1:0 победа над Дуделанж.

Иван Тричковски го донесе АЕК Ларнака во водство во 25. минута на „Бајарената“, но Леверкузен со головите на Хаверц и Аларио успеа да стигне до 4:2 победа.

Динамо Загреб, пак, продолжи со фантастичната игра во Лига Европа кога по првиот убедлив триумф над Фенербахче, го совлада и Андерлехт на гости со 2:0. Фенер, за кој нашиот Елиф Елмас одигра цел натпревар, се врати со 2:0 победа над словачкиот Спартак Трнава.

Алваро Мората го постигна својот прв гол од август за на Челси да им донесе тешка победа над унгарскиот МОЛ Види, за кој 90 минути одигра Бобан Грнчаров.

Мората дури во 70. минута го скрши отпорот на противникот, откако доби добра пренасочена топка од Вилијан за да постигне прекрасен гол. Ова е втора победа во низа од 1:0 во Лига Европа за „сините“, откако претходно победија на тешкото гостување кај ПАОК, кои вечерва ги „здробија“ БАТЕ Борисов со 4:1 на гости.

Лацио имаше лоша вечер во Германија, откако Ајнтрахт ги победи со 4:1 во меч во кој гостите го завршија мечот со девет фудбалери на теренот. Баста на крајот на првото полувреме доби втор жолт картон, додека Кореа доби директен црвен во 59. минута.

Вилјареал пак, клубот во сопственост на бразилската легенда Роналдо, го одигра најинтересниот меч на вечерта во кој во последен момент се спасија за 3:3 реми на гостувањето во Москва кај Спартак.

Другиот шпански клуб не мина толку добро во Русија, откако Краснодар со 2:1 успеа да го победи повеќекратниот победник на Лига Европа, Севилја.

ЛИГА ЕВРОПА, 2. КОЛО:

ГРУПА А

Баер Леверкузен – АЕК Ларнака 4:2

Цирих – Лудогорец 1:0

ГРУПА Б

Розенборг – РБ Лајпциг 0:3

Салцбург – Селтик 3:1

ГРУПА Ц

Бордо – Копенхаген 1:2

Зенит Санкт Петербург – Славија Прага 1:0

ГРУПА Д

Андерлехт – Динамо Загреб 0:2

Фенербахче – Спартак Трнава 2:0

ГРУПА Ф

Милан – Олимпијакос 3:1

Реал Бетис – Дуделанж 3:0

ГРУПА Е

Карабаг – Арсенал 0:3

Ворксла – Спортинг Лисабон 1:2

ГРУПА Г

Ренџерс – Рапид Виена 3:1

Спартак Москва – Вилјареал 3:3

ГРУПА Х

Аполон – Марсеј 2:2

Ајнтрахт Франкфурт – Лацио 4:1

ГРУПА И

Малме – Бешикташ 2:0

Сарпсборг – Генк 3:1

ГРУПА Ј

Краснодар – Севилја 2:1

Стандард Лиеж – Акхисар 2:1

ГРУПА Л

БАТЕ Борисов – ПАОК 1:4

Челси – МОЛ Види 1:0

ГРУПА К

Јаблонец – Динамо Киев 2:2

Астана – Рен 2:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП