16 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Копање“ на Иванов и Димитријевиќ и норвешкиот „Утојa-22 јули“ на Киненова

„Копање“ на Иванов и Димитријевиќ и норвешкиот „Утојa-22 јули“ на Киненова

Долгометражниот игран филм „Копање“, на Мартин Иванов и Ивица Димитријевиќ, во рамките на фестивалот „Киненова“ ќе има специјална проекција во Кино Фросина во МКЦ со почеток во 18 часот.

По проекцијата ќе се одржи сесија на прашања и одговори со режисерите. Филмот е работен според истоимената претстава на германскиот драматург Кристијан Винклер, која беше поставена во Македонскиот народен театар во април, 2017 година. Гораст и Ивица се другари од детството кои 16 години не комуницираат. Секој си има своја причина зошто не комуницирале толку многу години, но никогаш не ја споделиле меѓу себе…
Влезници чинат 100 денари.

Во 19.15 часот ќе се одржи трибина на тема: Македонскиот независен филм.

Годинава на третото издание на „Киненова“ имаме посебен фокус на норвешките остварувања, кои се вистински предизвик за сите нас. Особено радува фактот дека неодамна Европската филмска академија ги објави петте номинации за најдобар евроспки филм во 2018-та, меѓу кои се најде и филмот кој го претставуваме на годинашното фестивалско издание, „Утоја – 22ри Јули“ на Ерик Попе.

Во 20 часот во киното Фросина во МКЦ продолжува Ревијата на норвешки филмови / Фокус на Норвешка со филм: U – July 22 by Eric Poppe. На 22 јули 2011 година, повеќе од 500 млади луѓе на еден политички летен камп на остров надвор од Осло се нападнати од вооружени десничарски екстремисти. Претходно тој ден тие бомбардирале владина зграда во Осло пред да продолжат кон островот Утоја. Во овој фиктивен филм околу нападот ги запознаваме Каја (18) и нејзините пријатели. Филмот започнува со младите, шокирани од бомбардирањето во Осло, како ги смируваат нивните роднини дека тие се далеку од инцидентот. Наеднаш, безбедната атмосфера е распарчена кога ќе се слушнат пукотници. Од тој момент ја следиме Каја во нејзиниот обид да преживее, минута по минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП