26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Либертанго” вечерва во МОБ

„Либертанго” вечерва во МОБ

Во 20 часот на сцената на Македонската опера и балет публиката повторно ќе се сретне со танго-танцот во изведба на солистите и ансамблот на балетот на МОБ. Кореограф е Сабрина Боско (Италија), режисер и либретист е Наташа Поплавска, додека костимограф и сценограф е Александар Ношпал.

Во изведбата главните улоги ги толкуваат: Асунта Манети Пјацола – Александра Мијалкова,
Висента „Нанино“ Пјацола – Васил Чичијашвили (Грузија), Марија Нивес Раго – Мими Поп Алексова Атанасовска, Хуан Карлос Копес – Игор Веланоски, Карменсита Калдерон – Наташа Јосифовска и Деде Вулф – Саша Ефтимова. Во останатите улоги настапуваат солисти на балетот, како и комплетниот балетски ансамбл.

Либеранго е приказна за настанувањето на тангото, танц кој настана на улиците на аргентинските градови и ги достигна врвовите на уметничкиот Олимп. Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на пиедесталот на светската танцова сцена. Тангото е танц на љубовта, љубовната болка, љубомората, страста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП