28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Влашиќ го „потопи“ европскиот шампион Реал, Џеко и Рома доминираа

ЛШ: Влашиќ го „потопи“ европскиот шампион Реал, Џеко и Рома доминираа

Реал Мадрид доживеа незгоден пораз на гостувањето во студената Русија, откако ЦСКА Москва ги победи актуелните европски шампиони со 1:0, додека во истата група, Рома со 5:0 доминираше против Шахтјор, предводени од хет-трикот на Един Џеко.

Младиот Хрват Никола Влашиќ, кој дојде во ЦСКА од Евертон (и е брат на скокачката Бланка Влашиќ) уште во втората минута ја искористи грешката на одбраната на „кралевите“ за да го шокира тимот на Хулен Лопетеги, по што сега сигурно ќе се зборува за „криза“ во Реал, посебно по 3:0 поразот од Севилја во текот на викендот.

Рома немаше вакви проблеми против чешкиот тим Викторија, откако прво Един Џеко со два прекрасни гола ги „шокираше“ во првото полувреме, пред во второто да се комплетира доминантната победа од со головите на Ченгиз Ундер и младиот Јустин Клајверт. Џеко уште еднаш покажа дека е во топ форма и го постигна и својот трет гол во финишот на натпреварот.

Баерн Минхен во пресметката на повеќекратните европски шампиони одигра 1:1 против Ајакс во групата Е. Матс Хумелс ги донесе домаќините во водство уште во четвртата минута во ноќ на рани голови, но „копјаниците“ вратија преку младиот Нусаир Мазрауи во 22. минута. И Баерн влезе во мечот со лош пораз во текот на викендот – Херта ги победи со 3:0, за дополнителен притисок на тренерот Нико Ковач.

Во истата група беше одигран и најефикасниот меч оваа вечер, откако Бенфика извлече 3:2 победа на „жешкото“ гостување во Атина кај АЕК и тоа со играч помалку. Португалците водеа со 2:0 по првите 15 минути игра, пред Клонаридис да ги врати во игра АЕК, за Семедо во 74. минута да го постави конечниот резултат.

Лион, пред празни трибини, се врати од 0:2 негатива против украинскиот Шахтјор за 2:2. Украинскиот тим поведе преку двата гола на Мораеш во 44. и 55. минута, пред францускиот клуб, кој во минатото коло го шокираше Манчестер сити на гости, да се врати со два гола за две минути – прво Муса Дембеле во 70. минута, а потоа и Лео Дубоа две минути подоцна.

Кризата во Манчестер јунајтед продолжува, откако „ѓаволите“ пред својата публика успеаја да стигнат само до досадно 0:0 реми со Валенсија.

И без суспендираниот Кристијано Роналдо, Јувентус стигна до убедлива победа од 3:0 над Јанг Бојс во второто коло на ЛШ, благодарение на хет-трикот на расположениот Пауло Дибала, а Манчестер сити даде гол во 87. минута по експолозивниот старт на натпреварот за 2:1 победа на гостувањето кај Хофенхајм.

Дибала, кој во последно време беше под многубројни критики за своите игри, бргу ја искористи дадената шанса од Макс Алегри кога уште во петтата минута доби фантастична топка од Леонардо Бонучи за да постигне прекрасен гол. Во 33. минута по ударот на Матуиди, Дибала ја закачи топката за 2:0 за да го комплетира хет-трикот во 68. минута кога повторно беше на вистинското место во противничкиот шестнаесетник.

Во Германија, пак, Хофенхајм, гратчето со 3.500 жители, имаше шанси да го пречека англискиот шампион Манчестер сити во првиот домашен меч во Лигата на шампионите.

Тимот предводен од 31-годишниот тренер Јулијан Нагелсман дојде во водство по неверојатни 45 секунди игра преку Ишак Белфодил, меѓутоа тимот на Пеп Гвардиола бргу се созеде и преку најдобриот стрелец во историјата на Сити, Серхио Агуеро, израмни во осмата минута.

Кога изгледаше дека Сити ќе почека за првата победа во ЛШ оваа сезона, Давид Силва во 87. минута ја искористи грешката на домашната одбрана за да го казни германскиот клуб.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО

ГРУПА Е

АЕК Атина – Бенфика 2:3

Баерн Минхен – Ајакс 1:1

ГРУПА Ф

Лион – Шахтјор 2:2

Хофенхајм – Манчестер сити 1:2

ГРУПА Г

Рома – Викторија Плзен 5:0

ЦСКА Москва – Реал Мадрид 1:0

ГРУПА Х

Манчестер јунајтед – Валенсија 0:0

Јувентус – Јанг Бојс 3:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП