6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре без струја корисниците од неколку скопски општини

Утре без струја корисниците од неколку скопски општини

Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека утре, 4 октомври, заради технички зафати во дистрибутивната електро – мрежа, без електрична енергија ќе останат корисниците од повеќе скопски улици.

Во периодот од 09 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од Ново Село дел од ул. 106. (Општина Ѓорче Петров), во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од селата Дворце и Орашје. (Општина Сарај), во периодот од 12 до 13:30 часот, дел од ул. Пат за село Количани, дел од ул. Пат за Китка, објектите кои се наоѓаат на патот за село Количани кај ресторант „Wedding house“ во Драчево. (Општина Кисела Вода).

Во периодот од 10:30 до 15:30 часот без струја ќе останат корисниците од дел од с. Горно Соње ул. 8. (Општина Сопиште), во периодот од 09 до 10 часот, дел од бул. Борис Трајковски, раскрсница Усје, најблиските подулички околу автоплацот. (Општина Кисела Вода), во периодот од 09 до 15 часот, корисниците од улиците со броевите 4, 6 и 7. во с. Батинци. (Општина Студеничани), во периодот од 08:30 до 10 часот, дел од ул. Жил Верн. (Општина Кисела Вода) и во периодот од 09 до 11 часот, дел од ул. 1439, нас. Пинтија. (Општина Кисела Вода).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП