Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Неделен хороскоп 15.10.2018 до 21.10.2018

Време: 08:30

Датум: октомври 15, 2018

Категорија: НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

ЉУБОВ: Оваа недела е многу важна за вашиот приватен односно љубовен живот. Интимното поле ви е нагласено, па потребно е да воведете некаква контрола. Немојте да бидете крути и да давате отпор на секој предлог од вашиот партнер.

РАБОТА: Преку соработка и слушање ќе успеете да го добиете тоа што го сакате. Проблем ќе биде тоа што сте навикнале секогаш да биде така како што вие сте замислите. Послушајте го советот од повозрасните колеги.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на желудникот.

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

ЉУБОВ: Нема да бидете свесни за длабоката трансформација која ќе ја доживеете на интимното поле. Ќе бидете некој нов човек кој нема да има премногу разбирање за околината. Тоа е така поради неколкуте немили настани кои ви се случија. Очекувајте закрепнување на крајот на неделата.

РАБОТА: Обидете се оваа недела да бидете повеќе концентрирани на работите кои најмногу ве интересираат и обидете се барем една ваша вештина да ја доведете до совршенство. Некој повозрасен колега ќе се обиде да ви ги замати сметките, но успешно ќе го сопрете.

ЗДРАВЈЕ: Ќе се чувствувате одлично.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

ЉУБОВ: Една личност би можела да има посебно влијание на вас во оваа недела. Отворете ги широко очите и бидете внимателни. Попуштете им на послабите лица, тоа е вашата добра особина. Оваа недела партнерот ќе биде задоволен од вашето однесување.

РАБОТА: Притисокот кој во моментов го чувствувате би можел да ви наруши многу планови на работа. Ослободете се од препреките, нека не ве плаши слободата која си ја земаат вашите колеги, бидете и вие реални и слободни во изразувањето. Некој непланиран настан ќе ве потсети дека секогаш е потребно да бидете подготвени.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

ЉУБОВ: Оваа недела ќе наидете на неразбирање кај вашиот партнер или семејството па едноставно ќе помислите дека светот се завртел против вас. Но не е така, а во тоа ќе се уверите и самите откако ќе размислите колку нечесно се однесувавте кон најблиските во последно време.

РАБОТА: Агресивниот Марс во однос со Јупитер ќе ви донесе огромна количина на одлучност во остварување на некои ваши деловни цели. Ќе ви биде потребна концентрација, па обидете се да ја најдете во мирот и тишината кои ќе ги најдете во природата. Не си дозволувајте да ја оценувате работата на колегите.

ЗДРАВЈЕ: Ќе се чувствувате добро, не претерувајте со алкохолот.

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

ЉУБОВ: Венера во Девица влијае на вас и на вашиот љубовен и деловен план. Ќе морате да ја послушате вашата интуиција и да покажете дека сте многу упорни во работите кои ги сакате. Љубовната ситуација ќе биде прилично комплицирана.

РАБОТА: Ќе сакате да научите нешто ново, некоја нова вештина. Ќе бидете љубопитни, но немојте претерано да експериментирате. Некогаш треба да застанете цврсто на нозете.

ЗДРАВЈЕ: Редовно применувајте вежбање, тоа ви дава сила.

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

ЉУБОВ: Сатурн во Стрелец, засилен со Сонцето има особено силно влијание на вашиот приватен живот. Сметајте го ова поглавје за ново во вашиот живот. Дозволете си поголема емотивност, овој период ќе ви го промени животот комплетно.

РАБОТА: Меркур, планетата на комуникацијата во Вага ви носи плоден деловен период но за да се движите правилно потребно е малку да ги контролирате вашите зборови. Побарајте помош од пријателите.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

ЉУБОВ: Кога ќе ги реште сите за вас „важни“ работи ќе бидете во состојба да и се препуштите на огромната сексуална и страствена енергија која ја поседувате. Не го заморувајте партнерот со прашањата што ќе се случи утре, верувајте дека ни тој не знае.

РАБОТА: Не им дозволувајте на вашите емоции кои се појавиле поради незадоволството да ви го попречуваат успехот на деловното поле. Бидете отворени и искрени, особено ако некој ве повика на состанок.

ЗДРАВЈЕ: Овозможете си повеќе одмор и релаксација.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

ЉУБОВ: Марс, вашиот владетел, во однос со Јупитер и Уран ви носи нови идеи и филозофија. Ќе бидете многу чувствителни кон луѓето околу вас. Меркур во Вага може да ви донесе жешки случувања на сексуалното поле.

РАБОТА: Многу нови работи ќе се случуваат околу вас. Не дозволувајте фрустрацијата да ве однесе во непосакуваниот правец. Малата плата и понатака ве демотивира но потребно е да пронајдете начин како да го надминете тоа, бидејки нема подобрување на тој план во блиска иднина.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со грлото и ушите.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

ЉУБОВ: Меркур, вашиот владетел во Вага, би можел да ви донесе потешкотии во врска со комуникацијата со вашите блиски лица. Веројатно ќе морате малку подобро да слушате, а помалку да зборувате.

РАБОТА: Промените на работа ќе влијаат на вас на повеќе начини. Негативните вести ќе важат само за три дена, а потоа повторно ќе се вратите на старото. Не очајувајте имате енергија и знаење да го подобрите работењето.

ЗДРАВЈЕ: Избирајте поздрави намирници.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

ЉУБОВ: Влијанието на Меркур во Вага во подрачјето на сензуалното делување и уживање, носи поволни вести. Тоа што ќе го посакате ќе го добиете, а тоа знае да биде многу примамливо па да ве наведе да посакате и некои нереални нешта.

РАБОТА: Имате енергија и одлучност на некои проблеми да им ставите крај. Колегите максимално ќе ве поддржат. Ќе ви помогне одлучноста која успешно ќе ве одведе до целта.

ЗДРАВЈЕ: Потребен ви е одмор и повеќе опуштање.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

ЉУБОВ: Повторно ќе бидете во ситуација каде што ќе се фатите самите себе дека барате нешто премногу од спротивниот пол, а и самите сте свесни дека ниту половина од тоа не заслужувате. Обидете се да ги смирите емоциите со цел да можете попаметно да расудувате.

РАБОТА: Креативноста ви навира. Подготвени сте на ризик, се движите храбро, но немојте да си дозволите да ја потцените моќта на колегите. Доколку им се спротивставите, веднаш ќе се најдете на дното бидејќи досега барем десетина пати го покриле вашето неработење.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на претераното внесување на масти и алкохол во организмот, можно е сериозно да си наштетите.

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

ЉУБОВ: Повторно сте во некакво бунило, а за да излезете ќе ви биде потребна помош. Како и секогаш ќе биде потребно да ја пронајдете соодветната рамнотежа помеѓу партнерот и пријателите. Тензиите ќе бидат зголемени, па ќе биде потребно дополнително да се контролирате.

РАБОТА: Венера во друштво на Марс и Јупитер во вашиот знак ви носи многу работа. Би требало малку повеќе да им се посветите на докуметите, состаноците и општо на работите кои сте ги подзаборавиле малку.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на алергиски реакции.

 

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Неделен хороскоп 24.09.2018 до 30.09.2018

    Неделен хороскоп 24.09.2018 до 30.09.2018

      Овен (21.03 – 20.04)   ЉУБОВ: Оваа недела ќе имате богат социјален живот. Ќе бидете повикани на неколку настани, деловни, приватни, па дури и на…

  • Неделен хороскоп 10.09.2018 до 16.09.2018

    Неделен хороскоп 10.09.2018 до 16.09.2018

      Овен (21.03 – 20.04)   ЉУБОВ: Ве очекува интересен состанок со лице кое е сосема спротивен карактер од вашиот, тоа малку ќе ви делува чудно…

  • Неделен хороскоп 03.09.2018 до 10.09.2018

    Неделен хороскоп 03.09.2018 до 10.09.2018

      Овен (21.03 – 20.04)   ЉУБОВ: Променлив период во кој ќе имате измешани чувства за блиските лица. Доколку сакате нешто друго од нив, слободно кажете…

  • Неделен хороскоп 27.08.2018 до 02.09.2018

    Неделен хороскоп 27.08.2018 до 02.09.2018

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Доколку се занимавате со приватна работа ќе бидете соочени со некакви ограничувања кои не сте ги очекувале. Можно е…

  • Неделен хороскоп 13.08.2018 до 19.08.2018

    Неделен хороскоп 13.08.2018 до 19.08.2018

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Периодот е поволен ако работите две работи или ако сте во потрага за дополнителен извор за заработка. ЉУБОВ: Љубовната ситуација…

  • Неделен хороскоп 23.07.2018 до 29.07.2018

    Неделен хороскоп 23.07.2018 до 29.07.2018

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Вие сте многу вредна личност. Но сепак не дозволувајте другите да го злоупотребат тоа. ЉУБОВ: Полни сте со љубов и…

  • Неделен хороскоп 02.07.2018 до 08.07.2018

    Неделен хороскоп 02.07.2018 до 08.07.2018

      Овен (21.03 – 20.04)   ЉУБОВ: Ќе сакате некаква промена, можеби нов партнер ако стариот не ги слуша вашите препораки или можеби промена на друштвото…

  • Неделен хороскоп 04.06.2018 до 10.06.2018

    Неделен хороскоп 04.06.2018 до 10.06.2018

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Време е сериозно да размислите за промена на работата или започнување на сопствен бизнис. Оваа недела ви нуди бројни…

  • Неделен хороскоп 28.05.2018 до 02.06.2018

    Неделен хороскоп 28.05.2018 до 02.06.2018

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Вие сте авторитет во своето деловно опкружување, а и подобрување на финансиите ви доаѓа наскоро. ЉУБОВ: На полето за љубов…

  • Неделен хороскоп – 21.05.2018 до 27.05.2018

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Пред вас е опуштена фаза во која нема да имате премногу деловни грижи. ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува…