11 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСо ,,Кармина бурана” почнува новата сезона на МОБ

Со ,,Кармина бурана” почнува новата сезона на МОБ

Македонската опера и балет го најавува почетокот на новата сезона 2018/2019 година со моќната изведба на најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. На 28 и 29 септември, со почеток во 20 часот, публиката ќе може да дојде и да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата – владетелката на светот.

„Кармина Бурана“ со години го привлекува вниманието како на режисерите и кореографите така и на многубројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар. Кореографијата и либретото на претставата e на Кан Аслан од Турција, сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимите за операта ги направи Елена Дончева, а за балетот Гизем Бетил од Турција. Асистент на кореографот е Ана Лусија Фереира од Португалија, а асистент-режисер е Дејан Прошев.

Под диригентската палка на Бисера Чадловска и хор-мајсторите Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ настапуваат Хорот, Оркестарот, оперските и балетските солисти. Како оперски солисти ќе имаме можност да ги видиме Наде Талевска (сопран, 28. 9. 2018), Катерина Стојановска (сопран, 29. 9. 2018), Горан Начевски (баритон) и Луиџи Скифано (контратенор) од Италија, а солистите на балетот се Марија Кичевска-Шокаровска, Ивана Коцевска (28. 9. 2018), Наташа Јосифовска (29. 9. 2018), Саша Евтимова, Игор Веланоски и Мирослав Митрашиновиќ. Во претставата, покрај Хорот, Оркестарот и солистите, настапува и комплетниот оперско-балетски ансамбл на Македонската опера и балет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП