ПочетнаЕКОНОМИЈАПекинг побара од САД да ги повлечат санкциите

Пекинг побара од САД да ги повлечат санкциите

Кинеското Министерство за надворешни работи побара од САД да ги повлечат санкциите воведени кон кинеската војска поради набавка на руски воени авиони и ракети земја-воздух.

Оваа порака на Американците им ја упати портпаролот на кинеското Министерство, Генг Шуанг, пренесе „Ројтерс“.

Кина неодамна купи од Русија десет авиони Сухој Су-35 и ракети С-400.

На цел на санкциите се најдоа кинеското одделение за развој на опрема и неговиот директор Ли Шангфу, поради значајни трансакции со рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“, пренесе Би-би-си.

Американската администрација стави на црната листа уште 33 кинески државјани и субјекти, кои соработуваат со руската војска и разузнавачките служби.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП