19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАCБ: Обемот на отпад во светот може да порасне за 70% до...

CБ: Обемот на отпад во светот може да порасне за 70% до 2050-та

Ако не се преземат итни мерки, обемот на смет во светот ќе се зголеми за 70 проценти до 2050-та година и ќе достигне 3,4 милијарди тони. Ова беше објавено вчера во извештајот од страна на Светската банка.

„Лошото управување со отпадот е штетно на човековото здравје и на животната средина, во прилог на проблемите со климата“, коментира Лора Тук, потпретседател на Светската банка, задолжена за одржлив развој.

Иако богатите земји сочинуваат само 16 проценти од светското население, тие произведуваат повеќе од една третина (34 проценти) од отпадот на планетата.

Источна Азија и регионот на Пацификот имаат речиси една четвртина (23 проценти) од целото ѓубре.

Се очекува субсахарска Африка да го зголеми тројно, а Јужна Азија двојно до 2050-та година обемот на отпадот што го произведува.

Светската банка препорачува да се обезбеди финансиска помош на земјите кои имаат најголема потреба да развијат системи за управување со отпад, како и да се поддржат иницијативи за намалување на употребата на пластика и за ограничување на отпадот од храна.

Од 2000-та година, Светската банка има инвестирано повеќе од 4,7 милијарди долари во програмите за управување со отпад ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП