25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООстровјаните ја сакаат организацијата на СП во 2030

Островјаните ја сакаат организацијата на СП во 2030

Фудбалскиот сојуз на Република Ирска, објави, дека ќе им се приклучи на Англија, Северна Ирска, Шкотска и Велс во заедничката кандидатура за добивање на организацијата на Светското првенство во 2030 година.

Минатиот месец, Англија го објави планот, државите што ја сочинуваат Велика Британија да го организираат Светското првенство, а сега кон ваа иницијатива се приклучи и Република Ирска со силен адут, стадионот „Авива“ во Даблин.

На овој стадион ќе се играат натпревари во рамките на Европското првенство во 2020 година.

Англија единствената светска титула ја има освоено на домашен терен во далечната 1966 година. Изминатите години ФИФА два пати ја одбиваше кандидатурата на Англија, во 2006 година СП се играше во Германија, а оваа година во Русија.

Против кандидати на оваа кандидатура се заедничките кандидатури на Аргентина, Уругвај и Парагвај, односно Мароко и Алжир.

Наредното СП ќе се одржи во Катар во 2022 година, а четири години подоцна домаќини ќе бидат САД, Мексико и Канада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП