Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

„Исцелител“ е македонски кандидат за „Оскар“

Време: 13:55

Датум: септември 19, 2018

Категорија: КУЛТУРА

„Исцелител“, во режија на Ѓорче Ставрески, е македонски кандидат за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско подрачје.

Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско подрачје при Друштвото на филмски работници на Македонија во состав на Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ирена Ристиќ – актерка, Амернис Нокшиќи – актерка, Горан Трајковски – композитор, Игор Тошевски – ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски – режисер и Наум Доксевски – кинематограф донесе одлука филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески да биде национален кандидат на Македонија за оваа награда во 2019 година.

Одлуката е прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука.

Во конкуренција за кандидатура беа и „Враќање“ на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши и „Здивот на агелот“ на Јани Бојаџи.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Финална вечер на „Таксират“

    Финална вечер на „Таксират“

    Во Скопје ќе се одржи финалната вечер на „Таксират“, фестивал што го слави својот 20. јубилеј, и тоа за првпат во Арена „Борис Трајковски“, целосно…

  • Годишен концерт на Мандолинскиот оркестар Скопје

    Годишен концерт на Мандолинскиот оркестар Скопје

    Годишниот традиционален концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“ ќе се одржи на 12 декември, в среда со почеток во 20 часот во Фоајето на Македонската опера…

  • Промоција на нова книга на Венко Андоновски

    Промоција на нова книга на Венко Андоновски

    Новата книга на писателот Венко Андоновски, насловена „Припитомување на кучката“, ќе биде промовирана во Клуб-ресторан МКЦ, со почеток во 19 часот. По извонредниот успех на…

  • Денови на српска култура во МНТ

    Денови на српска култура во МНТ

    Годинешната продолжена манифестација “Денови на српската култура во Р.Македонија“ во организација Српскиот културно информативен центар СПОНА,   ќе биде крунисана со  претставата “Реалисти“ . Текстот е…

  • Данскиот филм „Ништо не се случува“ победник на осмиот „Анимакс“

    Данскиот филм „Ништо не се случува“ победник на осмиот „Анимакс“

    Златната Тула за најдобар анимиран филм на осмото издание на „Анимакс“ ја понесе данскиот филм „Ништо не се случува“ на авторката Мишел Кранот. Со втора…

  • На престижниот фестивал „Санденс“ два македонски филма

    На престижниот фестивал „Санденс“ два македонски филма

    Македонскиот документарен филм „Медена земја“ во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и копродукцискиот „Ловци на вештерки“ на Рашко Миљковиќ влегоа во строгата селекција…

  • Отворање на осмото издание на „Анимакс Скопје фест“

    Отворање на осмото издание на „Анимакс Скопје фест“

    На осмото издание на Меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје фест“ ќе бидат прикажани 62 анимирани филмови во официјалната програма, од кои 12…

  • Доделување на наградите за најдобрите филмови снимени со мобилен телефон

    Доделување на наградите за најдобрите филмови снимени со мобилен телефон

    Со доделување на наградите на најдобрите филмови снимени со мобилен телефон, денеска, во 17 часот, во Кинотеката на Македонија, ќе биде затворен деветтиот „Мобил фестивал“.…

  • Заев: Светската галеријата на карикатури е кутурен бренд со црвено запишан во календарот на меѓународни настани

    Заев: Светската галеријата на карикатури е кутурен бренд со црвено запишан во календарот на меѓународни настани

    Под покровителство на премиерот, Зоран Заев, во Националната галерија Чифте амам вчера вечер се одржа јубилејната манифестација „Остен – уметност на хартија“ по повод 50…

  • Македонска вечер во Австрискиот филмски архив

    Македонска вечер во Австрискиот филмски архив

    Австрискиот филмски архив, со ретроспективата „Времињата се менуваат 1918 – Падот на Австро-Унгарската империја“, го одбележува крајот на Првата светска војна и 100-годишнината на Републиката.…