24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Звуците на културата“ во Ѓорче Петров

„Звуците на културата“ во Ѓорче Петров

Од денеска, па до недела во Oпштина Ѓорче Петров за првпат ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“. Многу познати музички имиња, играорни групи, млади таленти и баскер артисти се дел од програмата.

Покрај активностите на главната бина, ќе има и детско катче, театар на сенки, работилници, хуманитарни акции, базар на ракотворби, локални производи и деликатеси, како и филмски проекции. В недела ќе биде прикажан и филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски.

Локацијата е во реонскиот парк во Ѓорче Петров, а програмата секој ден започнува во 17:30 и ќе трае до доцните вечерни часови.

Настапуваат: Летечки пекинезери, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Кристина Арнаудова, Миле Кузмановски, Токсиколози, Бени и Нон Стоп, Куку Леле, Тони Зен, Ласт Експедишн, Мугер Фугер, мјузиклот Коштана, ПМГ Колектив, Милко и многу други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП