23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрвото коло во знакот на Дејан Милосављев (видео)

Првото коло во знакот на Дејан Милосављев (видео)

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев, имаше брилијантно деби во Лигата на шампионите. Вардар, во саботата, победи во домот на европскиот првак Монпелје 27:24, а Милосављев со 15 интервенции беше еден од јунаците на триумфот.

ЕХФ ја забележа одличната партија на 23-годишниот српски голман и во својот избор на најдобрите му додели место во идеалниот тим.

Покрај Милосављев место во тимот на колото има и за двајца играчи на Рајн Некар, Јаник Колбахер (пикер) и Валур Сигурдсон (лево крило), односно за левиот бек на Кокс, Нико Ронберг, десниот бек на Кјелце Алекс Душебаев, средниот бек на Мешков Брест Сандро Обрановиќ и десното крило на Барселона Алеиш Гомез.

Идеалниот тим на првото коло може да го погледнете тука.

Вардаровиот голман исто така ја има и најдобрата одбрана во првото коло.

Петте најдобри одбрани може да ги погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП