23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТурскиот театар ја започнува сезоната со ,,Крал Лир”

Турскиот театар ја започнува сезоната со ,,Крал Лир”

Турскиот театар информира дека сезоната ќе ја отвори денеска со изведбата на претставата ,,Крал Лир” од Вилијам Шекспир во режија на Диего Де Бреа со почеток во 20 часот.

Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија и ќе се изведува со титл на македонски јазик.

На овогодишниот 53. МТФ Војдан Чернодрински (11.06.2018) беше изведена претставата ,,Крал Лир”. На претставата и беа доделени наградите за режија, за млада актерка на Ебру МУСЛИ за улогата на Корделија, како и специјална награда за современ актерски израз и иновативен пристап кон светската класика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП