29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Кина ќе ја намалат употребата на долари во меѓусебната размена

Русија и Кина ќе ја намалат употребата на долари во меѓусебната размена

Русија и Кина имаат намера во иднина се повеќе да ги користат своите валути во трговската размена, рече рускиот претседател Владимир Путин во вторникот во контекст на влошување на односите меѓу Русија и Западот.

“Руската и кинеската страна потврдија дека се заинтересирани за поактивно да ги користат своите валути за реципрочни плаќања”, им рече Путин на новинарите на брифингот со кинескиот лидер Кси Џинпинг по разговорите на економскиот форум во Владивосток. Според Путин, ова “ќе ја подобри стабилноста на банкарските услуги како и увозот и извозот во контекст на континуираните ризици на глобалните пазари”.

Русија е изложена на сè поголеми санкции од Западот од спојувањето на Крим во 2014 година и поддршката на сепаратистичките бунтовници на исток од Украина, објави АФП.

Во изминатите месеци, САД наметнаа нови санкции за Русија поради наводно мешање во претседателските избори во 2016 година и труење на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија.

Од последниот пакет американски санкции и закани со дополнителни мерки, руската рубља нагло ослабе во однос на доларот и еврото.

Кинескиот јуан во последниве месеци, исто така, продолжи да слабее во однос на доларот.

Рускиот претседател во јули изјави дека “политичките спорови” го оштетуваат доларот во функција на глобална резервна валута, додека кинескиот јуан, според неговите зборови, “ги презема карактеристиките” на резервна валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП