28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНово клупско натпреварување од 2021?

Ново клупско натпреварување од 2021?

Откако од УЕФА вчера во Монте Карло потврдиле дека „разгледувале разни опции“ за европските клупски натпреварувања, германскиот весник „Билд“, објави дека европската куќа на фудбалот од 2021 година ќе воведе уште едно натпреварување, покрај постојните две: Лигата на шампиони и Лига Европа.

До 1999 година, УЕФА, организираше три клупски натпреварувања (Лига на шампиони, Куп на купови и Куп на УЕФА), кога реши да го укине Купот на победниците на куповите. Последен шампион во ова натпреварување е Лацио.

Според шпекулациите, во третото натпреварување, би учествувале 32 екипи, што ќе предизвика промени во форматот на Лига Европа. Во сегашниот формат во ЛЕ се натпреваруваат 48 екипи, а бројката од 2021 година би се намалила на 32.

Новоформираното натпреварување најверојатно ќе го носи името, Куп на Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП