19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 31.08.2018

Дневен хороскоп 31.08.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Имате несогласувања со вашиот соработник. Не се противете туку седнете и размислете што тој ви кажува. Ќе се појави некоја личност која ќе ви предизвика проблеми во приватниот живот, поминете ја оваа ситуација со мудри потези и без кавги. Имате план да патувате, но сега тоа не е поволно. Здравјето ве повикува на поголема грижа околу исхраната.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Овој перод ќе се чувствувате безволно, некако сите нешта одеднаш ќе ви станат досадни. Тоа е така поради неповолното влијание на Сатурн, кое врз вас има голем удел. Постои начин да се извлечете од оваа досада, а тоа се пријателите. Организирајте домашна забава, повикајте ги и блиските роднини и поминете си убаво.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве нервираат некои нешта кои искрено не ни заслужуваат да им обрнете внимание. Премногу сте избувливи и мислите дека вашето мислење е најправилното. Разговарајте со некоја блиска личност и доверете и некои нешта кои ги криете подолго време во вас. Ако сакате да напредувате на работното место, овој период е доста поволен за тоа, па затоа фатете се за работа.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Во текот на овој ден би можело да му помогнете на некој, тоа за вас ќе биде голем плус. На емотивен план ве очекуваат промени кои не ги очекувавте, но сепак ќе се случат.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Внимателно испланирајте ги следните чекори во бизнисот, размислете за што вреди да се борите а за што не. Вашиот соработник можеби ќе ве натера на некои избрзани потези, но бидете внимателни и доколку нешто не ви е сигурно, одбијте го. Имате некоја нерасчистена обврска кон семејството. Поминете повеќе време со партнерот.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Сакате да ви се оствари некоја долго посакувана желба. Насочете се кон нејзиното остварување. Тактизирајте на работното место, таму се случуваат некои промени, внимавајте на потезите можно е да заработите отказ. Некоја Вага се бидува нешто да ви покаже не и го вртете грбот.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Имате проблеми на работното место кои не знаете како да ги решите. Помошта која ви ја нудат колегите е добредојдена, потрудете се да ја подобрите ситуацијата. Во домот постои некое недоразбирање кое сакате што поскоро да го решите. Можеби ќе бидете изненадени од постапката на роднините.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сакате да напредувате, но ништо не преземате во врска со тоа. Сакате поголема плата но не се нафаќате на поголеми обврски. Променете го начинот на размислување. Во домот и семејството ќе завладее хармонија. Уживајте во овој поволен период кој ви претстои.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате обврски кои ќе бараат поголемо залагање од ваша страна. Активирајте се и завршете ги на најдобар можен начин. Некој ќе ја забележи вашата ведрина и подготвеност за работа и ќе ве повика на деловен состанок. Во семејството ќе постојат некои ситни недоразбирања кои лесно ќе ги надминете.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес ќе бидете одлично расположени, ќе зрачите со ентузијазам и среќа. Во работната средина лицата околу вас ќе се полнат со енергија од вашата насмевка. Овој ден за вас е одличен, како на работно така и на приватно поле. Посветете му повеќе внимание на партнерот. Здравјето ви е одлично.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Релаксирајте се, ова е доста поволен период за вас. Одморете се, наполнете ги батериите и уживајте. Не е се така црно како што ви се чини на прв поглед. Семејството ќе биде вашата најголема поддршка. Некои проблеми од минатото ќе се појават пред вас, не дозволувајте да ве поразат, прескокнете ги и заборавете ги засекогаш. Здравствената ситуација ви е одлична.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Мрзеливоста ќе биде најзабележлива токму денес. Сакате да се одмарате а обврските не ви го дозволуваат тоа. Време е да се активирате и да започнете со работа. Постои некој проект во кој би можеле да бидете повикани, сето тоа зависи од вашата претставителност. Некои поранешни недоразбирања со семејството ќе бидат успешно надминати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП