29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајлесниот лаптоп во светот од 15,6 инчи

Најлесниот лаптоп во светот од 15,6 инчи

Непосредно пред почетокот на саемот „IFA 2018“ што ќе се одржи од 31-ви август до 5-ти септември во Берлин, компанијата „Acer“ ја претстави новата генерација на лаптопот „Swift 5“.

Се смета дека моделот со бројот „SF515-51T“ е најлесниот 15-инчен лаптоп во светот. Тежи само 900 грама, иако има метално куќиште.

Уредот е базиран на процесор „Intel Core“ од осмата генерација (Core i7-8565U и Core i5-8265U) и е опремен со 15,6-инчен „IPS“ дисплеј со резолуција „Full HD “(1920 x 1080 пиксели), до 16 GB RAM меморија DDR4 и до 1 ТБ „хард диск“. Рамките околу екранот се дебели 5,87 mm.

Лаптопот поддржува Wi-Fi (802.11ac), Bluetooth 5.0, две порти USB Type-A, една USB Type-C port, HDMI и аудио приклучок. Производителот изјавува до 10 часа работа на батеријата.

Во САД, новиот „Acer Swift 5“ ќе се продава во јануари 2019-ра година и ќе чини 1.100 долари. Во Европа, 15-инчниот екран (SF515-51T) ќе биде достапен во ноември оваа година. Неговата препорачана цена е 1.099 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП