28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДванаесетгодишниот Марко го преплива Охридско Езеро

Дванаесетгодишниот Марко го преплива Охридско Езеро

Голем подвиг направи 12-годишниот Марко Пејчиновски кој денеска за помалку од девет часа го преплива Охридското Езеро.

Малиот Марко претпладне околу 9:30 часот го почна херојскиот потфат од Свети Наум за по 18 часот да стигне на пристаништето во Охрид. Подвигот на Пејчиновски уште повеќе добива на тежина, ако се знае дека момчето има доживеано инфаркт на долните екстремитети.

Пејчиновски кој пристигна на целта и покрај лошите временски услови во почетните километри, на крајот доби овации од голем број сограѓани.

Патеката од Свети Наум до пристаништето во Охрид долга 30-ина километри во минатото често пати била несовладлива за многу поискусни маратонци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП