ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите на Вардар на силен турнир во Франција

Ракометарите на Вардар на силен турнир во Франција

Македонскиот ракометен шампион Вардар го очекува настап во Франција на силен меѓународен турнир, последен пред официјалниот почеток на сезоната.

„Црвено-црните“ по вторпат ќе биде дел од овој турнир. На турнирот ќе учествува и актуелниот европски шампион Монпелје.

Екипите се поделени во две групи. Вардар натпреварите во групата ќе ги игра в петок и сабота. Дуелите за пласман се закажани за во недела. Секој ден ќе има по два натпревари, а во недела се предвидени три средби.

Група А: ПСЖ, Вардар и Мешков.

Група Б: Нант, Монпелје и Веспрем.

Вардар в петок ќе игра со ПСЖ, а во сабота со Мешков.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП