25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИлиевски ја подмлади У-21 селекцијата

Илиевски ја подмлади У-21 селекцијата

Новиот селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Добринко Илиевски,  повика 22 фудбалери за натпреварите против Србија и Ерменија, во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во Италија наредната година.

„Не очекуваат два натпревари од тековниот квалификациски циклус, против Србија на гостински терен и против Ерменија во Скопје. Ова е подмладен состав на Македонија до 21 година и на некој начин вовед за следниот квалификациски циклус и идните предизвици кои ја очекуваат оваа репрезентација. Голем дел од фудбалерите се од генерацијата 1999 и помлади и имаа одлични настапи во елитната фаза квалификации до 19 години. Нашите шанси за висок пласман се загубени, но сериозноста во пристапот не е намалена. Нашите амбиции и желби се исто тата големи за да се направи добар резултат, да се врати самодовербата кај фудбалерите и вербата во оваа селекција. Секој освоен бод ќе значи многу за подобрување на пласманот и ќе се обидеме максимално да се подготвиме за натпреварите “, истакна Илиевски.

Избраниците на Илиевски на 7.септември ќе гостуваат во Србија, а четири дена подоцна ќе ја пречекаат Ерменија.

Списокот на селекторот Добринко Илиевски:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП