23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPepsi купува израелска компанија за 3,2 милијарди долари

Pepsi купува израелска компанија за 3,2 милијарди долари

„PepsiCo.“ денеска објави дека планира да ја купи „SodaStream“ за 3,2 милијарди долари.

Израелската компанија е позната со машините и цилиндрите за повеќекратна употреба, преку кои можеме да се приготвува газирана вода, а исто така и разладување на пијалоци, како лимонада, оранжада, цитрони и други дома, во канцеларија или за време на празници во природа.

Договорот ќе се оствари по цена од 144 долари за акција на „SodaStream“ што е за 32% над просечната вредност за последните 30 трговски сесии. Тоа ќе и овозможи на „Pepsi“ да достигне до повеќе клиенти, притоа во нивниот дом.

Купување доаѓа по очекуваните промени на пазарот на мало во САД, каде што се очекува до 2025-та година речиси 70% од набавките на храна и пијалаци да се спроведуваат онлајн, според „Food Marketing Institute“ и „Nielsen“.

Аквизицијата на „SodaStream“ е една од претприемничките потези на Индра Ној. Актуелниот главен извршен директорката на „Pepsi“ неодамна објави дека ќе ја напушти функцијата, почнувајќи од 3-ти јануари 2019-та година.

Купувањето на „SodaStream“ ќе и овозможи на „Pepsi“ да ги достигне своите клиенти на други начини од флашираните пијалаци. Од таму, тие неодамна објавија дека продажбата на машини порасна за 22% во кварталот до 1 милион единици.

Денес, „SodaStream“ ги нуди своите производи во 45 земји ширум светот преку вкупно 80.000 продавници.

Пред објавувањето на договорот, акциите на „SodaStream“ се зголемија за 85 отсто од почетокот на 2018-та година. Аквизицијата се очекува да биде финализирана во јануари 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП