Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,316.41 0.11%    BESK 7,300.00 0.13%    INPR 1,500.00 0%    KMB 6,292.24 -0.12%    MPT 76,673.09 0%    OKTA 4,600.00 0%    RMDEN18 98.70 -0.09%    SBT 2,550.41 1.13%    SPAZP 8,211.00 5.27%    STB 1,176.76 1.01%    TKVS 5,500.00 0%    TNB 16,599.48 0%    TTK 1,510.00 -2.58%    UNI 2,357.79 -0.17%    

Девизниот прилив од туризмот годинава ќе изнесува 24 милијарди денари

Време: 10:14

Датум: август 18, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Вкупно 26,5 проценти поголем девизен прилив оствари туризмот во првиот квартал годинава за разлика од истиот период лани. Очекувањата се дека 2018-та ќе заврши со прилив до 24 милијарди денари, посета на 1,2 милиона туристи и реализирани 3,2 милиона ноќевања.

Како што рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски, идната година во фокусот на привлекувањето туристи, покрај Турција, Бугарија и Полска кои засега се најбројни, ќе бидат и Романија, Германија и Шпанија.  Постои интерес за воведување директна авиолинија Букурешт – Охрид, а се размислува и за обезбедување пет или десетдневни визи за кинеските туристи кои се многубројни во регионот.

Агенцијата сосема го менува концептот на промоција. Акцент става на он-лајн рекламирањето на кое отпаѓаат 70 отсто. Останатото рекламирање е преку класични медиуми.

Интернет страницата „Macedonia timeless“ ќе се ребрендира, најави директорот, и ќе добие најсовремен гугл пристап со брзо пребарување. Воедно ќе биде дополнета со 350 текстови и 500 фотогорафии.

– Агенцијата изработи Македонски туристички пасош во форма на брошура, дополнет со мобилна апликација во која може да се најдат корисни информации за туристичките потенцијали на Македонија. Лансираше и нова едиција водичи за поквалитетна промоција со која се опфатени регионите, манастирите, препознатливите производи, локалитетите, отоманските споменици, објектите и настаните во земјава, нагласи директорот.

Меѓу промотивните материјали е и брошурата за храната и виното во Македонија „Story telling” чија цел е изработка на гастрономски водич за македонската кујна преку искуства, локални специјалитети и промоција на традиционални рецепти. Се подготвува и генерална брошура „Македонија, неоткриено туристичко богатство”.

Осврнувајќи се на сработеното изминатиов период, Јаневски рече дека  продолжува проектот за развој на спортското качување и негово ставање во функција на туризмот кој предвидува нови и санација на постоечки тренинг-локации за качување на карпа со поставување околу 120 насоки. Агенцијата го подржа уредувањето на полетиштето за параглајдинг во Крушево, а е насочена и кон реализација на проектот за алпинистичко качување на Матка, Демир Капија, Лешница и Остра Карпа.

Од областа на културниот туризам и активностите во природа, директорот информира дека во завршна фаза е проектот „Мапирање на патот Виа Игнација”. Мапиран е стариот римски пат со 13 инфо табли и пет миокази.

– Агенцијата и оваа година продолжи со финансиска поддршка на 21 манифестација со буџет од 1.000.000 денари. Целта е да се привлечат што повеќе гости преку зголемување на професионалноста во организирање на настаните, дополни Јаневски.

Тој не очекува укинувањето на некои од „Виз ер“ чартерите да се одрази врз туристичките резултати, а во врска со нехигиената и депониите низ Македонија, изрази надеж дека сите засегнати страни, посебно општините, ќе се насочат кон спроведување кампањи за подигнување на јавната свест.

Минатата година бројот на туристи беше речиси еден милион, а остварени се 2,8 милинои ноќевања. Позитивниот тренд продолжува и во 2018-та која во првите шест месеци бележи раст од 16 отсто и на бројот туристи и на бројот ноќевања.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Се отвораат уште 3 нови „Роса школи за родителство“ во Струмица, Охрид и Куманово

    Се отвораат уште 3 нови „Роса школи за родителство“ во Струмица, Охрид и Куманово

    Пивара Скопје и Министерството за здравство потпишаа Меморандум за продолжување на соработката Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola преку Роса, заедно со Министерството за…

  • Владата предлага укинување на законот за пазарџиите, ќе се носи ново решение

    Владата предлага укинување на законот за пазарџиите, ќе се носи ново решение

    Владата на денешната седница донесе решение да се укине Законот за трговија на зелените пазари, што беше донесен на иницијатива на повеќе пратеници во јануари…

  • Трошоците за храна во ЕУ учествуваат со 12 проценти од буџетот на домаќинствата

    Трошоците за храна во ЕУ учествуваат со 12 проценти од буџетот на домаќинствата

    Трошоците за храна на домаќинствата во земјите на Европската Унија учествуваат со просечно 12,1 проценти од нивните вкупни расходи, според податоците на Eurostat. Резултатите од…

  • Бензините поевтинуваат за 1,5 денари по литар

    Бензините поевтинуваат за 1,5 денари по литар

    Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).…

  • Пад на трошоците, раст на платите – дали се живее подобро од лани?

    Пад на трошоците, раст на платите – дали се живее подобро од лани?

    Статистиката мери раст на платите и пад на трошоците, но дали тоа го чувствува и просечниот граѓанин? Пад на трошоците за живот за 0.1% Трошоците…

  • За 11,6 проценти повеќе одобренија за градење во октомври, нови 562 стана

    За 11,6 проценти повеќе одобренија за градење во октомври, нови 562 стана

    Во октомври годинава се издадени 308 одобренија за градење, за 11,6 проценти повеќе споредено со октомври лани, при што е предвидена изградба на 562 стана.…

  • Вртоглав раст на цените: Свинското месо во Кина е 110 проценти поскапо

    Вртоглав раст на цените: Свинското месо во Кина е 110 проценти поскапо

    Цените на свинско месо во Кина скокнаа за 110 проценти во ноември во однос на истиот месец во 2018 година. Ова ја турка инфлацијата во земјата…

  • Бугарка измисли валута, ги собра парите и исчезна

    Бугарка измисли валута, ги собра парите и исчезна

    Во средината на 2016 година, кога општата јавност слушна за биткоинот, бидејќи во тоа време, поради ненадејниот пораст на вредноста, многумина се обогатија, се случи…

  • Трамп: Напредуваат преговорите за трговскиот договор

    Трамп: Напредуваат преговорите за трговскиот договор

    Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека добро напредуваат преговорите за трговскиот договор со САД, Мексико и Канада. Трамп тврди дека и синдикатите се задоволни. Според…

  • МТСП: Компаниите да им исплатат К-15 на работниците

    МТСП: Компаниите да им исплатат К-15 на работниците

    Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува компаниите да ги почитуваат оврските утврдени со Закон и со Колективен договор меѓу кои е и…