23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретежно сончево време со температура до 36 степени

Претежно сончево време со температура до 36 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, попладне во планинските подрачја на места облачноста ќе се зголеми. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8, информира УХМР.

Температурата ќе се движи од 10 до 19 степени во утринските часови, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 29 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 35 степени.

Утре и во почетокот на наредната седмица во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП