16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА Суперкупот заминува за Мадрид! Реал и Атлетико во пресметка за трофејот!

УЕФА Суперкупот заминува за Мадрид! Реал и Атлетико во пресметка за трофејот!

Денес епицентарот на фудбалските случувања е во естонскиот Талин. Во Супер купот ќе се сретнат мадридските ривали, европскиот првак Реал и освојувачот на Лига Европа, Атлетико.

Ова ќе биде нивни трет дуел во борба за европски трофеј. Два пати беа успешни кралевите, па и тоа може да биде значајно пред овој меч. Натпреварот во Суперкупот на УЕФА се игра вечерва од 21 часот во престолнината на Естонија, Талин.

Лопетеги: Добро е што ги имаме Бејл и Бензема

Новиот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, рекол дека „кралскиот клуб“ започнува нова ера. Шпанскиот тренер вечерва ќе дебитира на официјален меч на клупата на Реал. „Кралскиот клуб“ против градскиот ривал Атлетико во Талин ќе се бори за првиот трофеј во сезоната, Суперкупот на УЕФА.

Лопетеги на клупата на Реал го наследи Зинедин Зидан, кој успеа на клубот да му донесе три титули во низа во Лигата на шампионите.

„Зизу направи нешто неверојатно, освои многу титули, но тој сега е минато. Мораме да се фокусираме на иднината, да продолжиме да освојуваме трофеи и да бидеме што е можно подобри. Не смееме да гледаме во минатото, сега ни е потребна макотрпна работа“, рекол Лоптеги.

Покрај Зидан, клубот во преодниот рок го напушти и најдобриот играч Кристијано Роналдо, Реал не донесе голема ѕвезда на местото на Португалецот поради што се очекува негова замена да биде Герет Бејл.

„Добро е што Бејл е со нас, тој со години е во клубот. Од почетокот на подготовките е одличен, мотивиран е и знае колку е важен играч за овој тим. Не сакам да зборувам каков бил претходно, сега работам со него и многу сум задоволен. Истото важи и за Карим Бензема. Тој исто така е важен играч за овој тим, секогаш ми се допаѓал неговиот стил. Неговото однесување е беспрекорно од првиот ден“, дополнил новиот тренер на Реал.

Симеоне: Емоциите ќе го решат победникот

Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Пабло Симеоне, пред мечот со реал во Суперкупот на УЕФА рекол дека амбициите на неговиот тим се да го освои трофејот. Атлетико минатата сезона ја освои Лига Европа, а во преодниот рок се засили со Тома Лемар, Желсон Мартинс, Никола Калиниќ и Сантијаго Аријас.

„Ќе дадеме сè од себе за да победиме на овој натпревар. Атлетико мора да биде подобар отколку што беше минатата сезона. Имаме големи очекувања“, рекол Симеоне.

„Имавме тешка претсезона бидејќи многу играчи имаа обврски на Светското првенство. Некои успеаја да ја освојат престижната титулата (Гризман, Хернандез, Лемар), што само го зголеми нашиот ентузијазам“.

Тренерот на Атлетико смета дека неговиот тим е во подбра позиција од Реал, кој во овој преоден рок остана без Кристијано Роналдо.

„Физички сме подобро подготвени од Реал. Меѓутоа, решавачки фактор ќе бидат емоциите, тоа треба да биде нашата предност“, дополнил Симеоне.

Инаку, поради суспензијата од УЕФА, популарниот Чоло нема да биде на клупата на својот тим, туку мечот ќе го следи од трибините.

Атлетико во Талин ќе го предводи помошникот на Симеоне, Ернан Бургос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП