29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоловина Премиер лига може да игра на празни стадиони и да има...

Половина Премиер лига може да игра на празни стадиони и да има профит!

Најновото истражување на Би-би-си најдобро илустрира колку пари се вртат во најбогата фудбалска лига на светот кога само два од 20-те премиерлигаши имале загуба во 2017, а дури 10 клуба можеле да играат пред празни стадиони (односно да немаат профит од продажба на билети) и пак би биле во плус.

Во сезоната 2016/2017, во кои тимовите профитираа од рекордниот договор од 8,3 милијарди фунти за ТВ-правата, приходот од продажба на билети влијаел со помалку од 20 отсто. Роб Вилсон, професор на Универзитетот во Шефилд, вели дека по потпишувањето на првиот голем ТВ-договор во 2012, елитниот фудбал станал многу лукративен бизнис во Англија.

„Оттогаш фокусот е кон генерирање повеќе ТВ-пари отколку на продажба на билети. Сега оваа финансиска структура е многу стабилна. Кога ќе добиеш 120 милиони фунти од Премиер лигата, можеш да играш и на празен стадион ако го сакаш тоа“, вели Вилсон.

Бурнемаут, тимот што има најмал стадион во Премиер лигата (11.450 седишта) и кој планира поголем стадион, имал приходи од 136,5 милиони фунти во 2016/2017, од кои само 5,2 милиони фунти од билети (помалку од 4 отсто).

Дали ова значи дека тимовите веќе не сметаат на луѓето што доаѓаат на стадионите?

„Не, мислам дека тие се најважниот дел за фудбалските клубови. Фудбалерите и менаџерите доаѓаат и си одат, но ние сме секогаш таму. Причината зошто има богат ТВ-договор е поради тоа што снимките покажуваат луѓе, песни и атмосфера на стадионите. Доколку сакаат да го задржат овој продукт, мора да ги задржат и навивачите“, вели Малколм Кларк, претседателот на Асоцијацијата на фудбалски навивачи во Англија (ФС).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП