25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИViacom не успеа да ги оправда прогнозите

Viacom не успеа да ги оправда прогнозите

Американскиот медиумски гигант „Viacom“ ги објави своите корпоративни резултати, кои не успеаја да ги покријат очекувањата на „Wall Street“, бидејќи продажбата на реклами во САД се намалиле, а компанијата собрала помалку такси од кабелските оператори и интернет дистрибутерите.

„Viacom“ изјави дека приходите од глобалните филијали објавија пад од 3 отсто на 1,15 милијарди долари, објави „CNBC“.

Сопственикот на „MTV“, „Comedy Central“ и „Paramount Pictures“ додаде дека приходите од реклами во САД падна на 922 милиони долари.

Откако го презеде кормилото на компанијата во 2016-та година, извршниот директор Боб Бакиш се фокусира на план кој вклучува подобрување на програмите на своите телевизиски мрежи и односите со дистрибутерите.

„Paramount Pictures“, која се врати на профитабилност во вториот квартал од годината, се претстави добро на домашниот пазар, благодарение на хорор филмот „A Quite Place“.

„Viacom“ и „CBS“ размислуваат за спојување, но тие се во силна спротивност со главен извршен директор на ТВ каналот Лесли Моунвес.

Нето добивката на „Viacom“ исто е намалена – до 522 милиони долари, или 1,29 долари по акција, од 683 милијарди долари, или 1,70 долари по акција, во однос на истиот период од минатата година.

Вкупните приходи, исто така, остварија пад до 3,24 милијарди долари од 3,36 милијарди долари годишно.

На ревидирана основа, компанијата заработи 1,18 долари по акција.

Аналитичарите предвидуваат профит од 1,07 долари по акција и приходи од 3,26 милијарди американски долари, соопшти „CNBC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП