29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПознатиот пијанист Роберт Биша вечерва ќе музицира на „Охридско лето“

Познатиот пијанист Роберт Биша вечерва ќе музицира на „Охридско лето“

Љубителите на добрата музика вечерва во рамки на фестивалот „Охридско лето“ ќе може да уживаат во концертот на познатиот пијанист Роберт Биша од Албанија.

Баша на „Охридско лето“ ќе настапи заедно со вокалната група „Исо-полифон хор“, а концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“.

„Роберт Биша е неверојатно талентиран пијанист и композитор, генијален импровизатор и еден од најталентираните мултиинструменталисти денес. Неговата музика е современа, со елементи на авангардниот џез. Свири на електрично пијано, правејќи ремиксови на оригинална музика, имплементирајќи ги техниките на класичната музика со современи хармонии и елементи на богатиот албански фолклор“, велат огранизаторите во своето соопштение.

Полифоната вокална музика е сè уште актуелна во Албанија, а во 2005 година е прогласена за ремек-дело на нематеријалното културно наследство на човештвото од страна на УНЕСКО, додаваат организаторите.

„Албанскиот „Исо-полифон хор“ пак е најголемиот претставник на различни музички стилови од јужна Албанија. Зборот „исо“ го претставува т.н. дрон (придружба, каде еден тон или акорд постојано звучи низ целата композиција), кој може да се пее континуирано или ритмички спротивно од останатите мелодии“, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП