28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКоја е следната компанија што Бафет ќе ја купи?

Која е следната компанија што Бафет ќе ја купи?

Според „Morgan Stanley“, следната компанија што Ворен Бафет може да ја купи е „Southwest Airlines“.

„Инвеститорите флертуваат веќе некое време за можноста за договор меѓу „Berkshire Hathaway“ и „Southwest“. Нашата анализа покажува дека потенцијалната придобивка за Бафет меѓу авиокомпаниите е токму оваа компанија“, сметаат аналитичарите Каи Пан и Раджев Лалвани од „Morgan Stanley“.

Вчера акциите на авиокомпанијата се зголемија за 1,3 отсто по вестите. Анализата ги цитира критериумите по кои Бафет се води при склучувањето на големи зделки – голема компанија постојан профит, мал долг, добар менаџмент, едноставен бизнис модел и атрактивна цена.

„Бафет се фокусира на квалитетот на бизнисот и управувањето со трансакциите. Се разбира, и други фактори можат да бидат земени во предвид, но според нас, авиокомпанијата е потенцијален кандидат за дел од кешот кој го поседува „Berkshire““, велат уште аналитичарите.

„Berkshire Hathaway“ моментално има инвестиција од 2,8 милијарди долари во „Southwest Airlines“ на 31-ви март. Компанијата на Бафет исто така има вложувања и во други компании од секторот, како „Delta Air Lines“, „American Airlines“ и „United Continental“.

Аналитичарите истакнуваат дека бизнисот во „Southwest“ е сличен на компанијата за осигурување „GEICO“, која Бафет ја поседува. Таа е лидер во својот сектор и има значителни конкурентски предности и ниска цена.

Според нив, Бафет може да понуди меѓу 70 и 80 долари по акција за „Southwest“, имајќи ја во предвид историската премија која „Berkshire“ ја плаќање при други зделки. Ова претставува околу 28% над сегашната цена на акциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП