Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ШК „Алкалоид“ се подготвува за Европскиот Клупски Куп 2018

Време: 09:49

Датум: август 10, 2018

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шаховскиот клуб „Алкалоид“, повторно во борба за европски медал. „Алкалоид“ како Европски Клупски Шампион во шах за 2016 година и вицешампион за 2017 година и оваа година амбициозно се подготвува за најсилното клупско шаховско натпреварување – Европски Клупски Куп (European Club Cup), кое ќе се одржи во октомври во Порто Карас, Грција. Минатата година  успехот беше надополнет со 5 медали за индивидуални резултати по табли (4 златни и еден сребрен). По двата последователни историски резултати, новиот предизвик за екипата е освојување на уште еден медал и со тоа да се запише во листата на 8 најуспешни екипи во современата историја на Европските Клупски шаховски натпреварувања.

Дотогаш, екипата на „Алкалоид“, ќе учествува на екипниот Шампионат на Македонија, од 11 до 17 Август во Струга. Шампионскиот состав и оваа година е непроменет и ќе се бори за 7-та последователна титула или вкупно ја “брка” својата 21 шампионска титула во 27-миот настап од 1992 година. Покрај најдобрите македонски шахисти, стандардни членови на клубот, ВМ Трајко Недев, ИМ Филип Панчевски, ВМ Звонко Станојоски, ИМ Дејан Стојановски, ВМ Драгољуб Јаќимовиќ и ВМ Влатко Богдановски, дел на екипата се и четворицата велемајстори од светскиот врв. Странските играчи, во изминатите години повеќе пати биле дел од составот на ШК „Алкалоид“ и на овој начин продолжува да се негува тимскиот дух на екипата, кој се покажува како исклучително значаен фактор во успешните настапи претходните години.

Дмитриј Јаковенко – член на Руската шаховска репрезентација; Европски шампион за 2012 година; Светски јуниорски првак до 18 години во 2001 година; Првак на Европскиот екипен шампионат за 2007 година и носител на сребрен олимписки медал за 2012 година, два пати златен медал за индивидуален резултат на Олимпијада (2008 и 2012), три пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2005, 2006, 2016). На ЕКК 2016, играше на четврта табла при што освои 3,5 поени од 6 партии. На ЕКК 2017, играше на петтата табла и со 5,5 поени од 7 партии освои златен медал за индивидуален резултат.

Јуриј Криворучко – стандарден член на Украинската шаховска репрезентација која освои сребрен медал на Олимпијадата 2016 година; Шампион на Украина за 2013 година и континуирано член на ШК „Алкалоид“ во последниве 7 години. Секогаш максимално мотивиран кога настапува за екипата на „Алкалоид“, во 2015 година освои бронзен медал за индивидуален резултат на Европскиот Клупски Куп, во 2016 година освои 5 поени од 7 партии,  и повторно во 2017 година со 6 поени од 7 партии освои златен медал.

Дмитриј Андрејкин – Светски јуниорски првак за 2010 година и Шампион на Русија за 2012 година, три пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2009, 2010, 2016), три пати (2008, 2012, 2015) златен медал за индивидуален резултат на Европски Клупски Куп. На ЕКК 2016, играше на втора/ дел од партиите и на прва табла при што освои значајни 4,5 поени од 7 партии, без пораз! Во 2017 година настапи на третата табла и со 5,5 поени (без пораз) од 7 партии освои златен медал.

Павел Елјанов – стандарден член на Украинската шаховска репрезентација со која има освоено две олимписки злата и сребро во 2016; во 2015 година на Светскиот Куп низ систем на меѓусебни елиминации од 128 учесници на стартот стигна до полуфинале, во кое беше поразен од победникот на турнирот, три пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2009, 2010 и 2016). Со својата сигурна игра, како еден од најуспешните, на ЕКК 2016 освои бронзен медал за индивидуален резултат на трета/ делумно и втора табла (4,6 поени од 6 партии).

Како најсилен шаховски клуб во Македонија, ШК „Алкалоид“ останува и понатаму главен столб на Македонските репрезентации, а очигледно и странските играчи на ист начин се дел и на своите државни репрезентации. Функционирајќи веќе 42 години под континуирано спонзорство на компанијата „Алкалоид АД“ Скопје, клубот важи за еден од најуспешните во  Европа.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Анализа: блокирани сметки – граѓаните се потешко ги враќаат кредитите

    Анализа: блокирани сметки – граѓаните се потешко ги враќаат кредитите

    Просечниот Македонец на банките им должи 1.169 евра. Народната Банка анализира дека домаќинствата се потешко ги отплаќаат кредитите, но истовремено има благо намалување на бројот…

  • Oва е првиот смартфон со чипот Snapdragon 670

    Oва е првиот смартфон со чипот Snapdragon 670

    Моделот „R17“ на кинеската компанија „Oppo“ ќе биде првиот паметен телефон со процесорот „Qualcomm Snapdragon 670“ (шест „Kryo 360“ јадра, „Adreno 615“ графика и „Snapdragon…

  • НБРМ ја намали каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени

    НБРМ ја намали каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени

    На 14 август 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани клучните показатели за домашната…

  • УЈП нема да ги користи податоците за висина на износ на трансакциска сметка и динамика на потрошувачка

    УЈП нема да ги користи податоците за висина на износ на трансакциска сметка и динамика на потрошувачка

    За претпополнетата годишна даночна пријава апсолутно е ирелевантно да користиме податоци за висина на износ на трансакциска сметка, начин на користење, состојба на сметка и…

  • НБС: Кризата во Турција нема да се прелеe во нашата земја

    НБС: Кризата во Турција нема да се прелеe во нашата земја

    Кризата во Турција поради падот на вредноста на турската лира не може никако да влијае на финансиската стабилност на Србија, рече денеска генералниот директор на…

  • Ни воздухот веќе не е бесплатен – Русите ги очекува плаќање еколошки данок

    Ни воздухот веќе не е бесплатен – Русите ги очекува плаќање еколошки данок

    Министерството за финансии на Руската Федерација предлага воведување еколошки данок со цел да се замени сегашниот надоместок за негативното влијание врз животната средина. Предложени се…

  • Заборавените детски игри ќе оживеат во паркот „Капиштец“

    Заборавените детски игри ќе оживеат во паркот „Капиштец“

    Детските игри, како криенка, плочка, граница, ластик, џамлии, сервис, беа главна забава за време на летниот распуст. Но, веќе со години не е така. Нивното…

  • Вредноста на „Амазон“ е речиси 1.000 милијарда долари

    Вредноста на „Амазон“ е речиси 1.000 милијарда долари

    Вредноста на компанијата „Амазон“ изнесува 940 милијарди долари, а акциите на фирмата достигнаа нов максимум. Со ова „Епл“ набргу може да добие конкуренција затоа што…

  • Дневните весници во Германија губат читатели

    Дневните весници во Германија губат читатели

    Печатените дневни весници во Германија дневно ги читаат речиси 40 милиони луѓе, што е 1,3 милион помалку отколку во истиот период минатата година, соопштија од…

  • УЕФА Суперкупот заминува за Мадрид! Реал и Атлетико во пресметка за трофејот!

    УЕФА Суперкупот заминува за Мадрид! Реал и Атлетико во пресметка за трофејот!

    Денес епицентарот на фудбалските случувања е во естонскиот Талин. Во Супер купот ќе се сретнат мадридските ривали, европскиот првак Реал и освојувачот на Лига Европа,…