28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGlencore објави 23% раст на добивката за првите 6 месеци

Glencore објави 23% раст на добивката за првите 6 месеци

Рударскиот гигант „Glencore“ забележа раст на профитот за првите шест месеци од годинава во износ од 23%, како и зголемување од 12% на профитот од трговската единица. Сепак од компанијата истакнуваат и раст на трошоците за екстракција на бакар и цинк, како и присуството на уште нестабилни пазари, соопштува „Ројтерс“.

Голем дел од акциите во рударскиот сектор загубија од инерцијата во оваа година, бидејќи пазарот на метали ослабна заради трговските тензии и недостатокот на безбедност околу кинеската побарувачка.

Другите производители, исто така, предупредија на можни ефекти од влошување на трошоците. Акциите на „Glencore“ се под дополнителен притисок и поради чувствителноста на компанијата кон политичката ситуација во Демократска Република Конго и истрагата на американското Министерство за правда против компанијата.

Основната добивка на „Glencore“ за половина година изнесуваше 8,3 милијарди долари – што претставува зголемување од 23% на годишна основа. Сепак, останува малку под проценките на аналитичарите од 8,5 милијарди долари.

Добрите резултати на компанијата ја истакнуваат одржливоста на индустријата, која страдаше од остриот пад на цените на стоките пред три години. Обновата не покажува никакви знаци на одложување, објави „Wall Street Journal“.

Според зборовите на главниот извршен директор Ајван Глазенберг пазарните услови, најверојатно ќе останат нестабилни, а фокусот ќе се задржи на „создавање вредност за акционерите преку дисциплинираната распределба на долгорочен капитал“.

Во јули, „Glencore“ објави дека ќе започне програма за откуп од една милијарда долари. Одлуката беше објавено само неколку дена, откако стана јасно дека американските власти бараат од компанијата да ги предаде документите за бизнисот во Демократска Република Конго, Венецуела и Нигерија во рамките на истрагата за корупција.

Во Конго истражните ограни се фокусирани на врските на „Glencore“ со израелскиот бизнисмен Дан Гертлер, поранешен инвеститор на компанијата во земјата, посочува уште „Wall Street Journal“. Во декември Гертлер беше санкциониран од страна на американското Министерство за финансии, кое го обвини за трговија со власт со претседателот Џозеф Кабила, поради што е има собрано богатство преку „нетранспарентни и корумпирани“ трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП