19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити го „врза“ Жесус со нов договор

Сити го „врза“ Жесус со нов договор

Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус договорил нова петгодишна соработка до актуелниот шампион на Англија, Манчестер сити.

Младиот 21-годишен фудбалер со овој договор е награден за одличните игри во минатата сезона, во која постигна 17 гола.

Жесус за 18 месеци, колку што е дел од тимот на Сити, во целост ги оправдал очекувањата на менаџерот Пеп Гвардиола, поради што и му било понудено да го продолжи договорот.

Сепак, Жесус добрата сезона во клубот не успеа да ја пренесе и во репрезентацијата. На Светското првенство во Русија беше прв напаѓач кај селекторот Тите, ги одигра сите пет меча и не успеа да постигне гол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП