28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 17.08.2018

Дневен хороскоп 17.08.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Поведете сметка ако во план ви биле некои подалечни дестинации, денот не е претерано поволен за тоа. На љубовното поле ве очекува ново познанство, кое всушност нема многу да ве воодушеви.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денот е поволен ако се занимавате со финансиските прашања кои ве оптеретуваат. Во љубовта слободните ќе имаат потреба да пронајдат партнер со кој ќе делат се, зафатените ќе уживаат.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Доколку продолжите со негативните ставови, ќе имате мали проблеми во комуникацијата со соработниците. Во љубовта слободните ќе имаат интересна средба со лицето кое им се допаѓа.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Генерално сте задоволни од ситуацијата која ја имате на работа. Не ве очекуваат промени на полето за работа. Во љубовта сакате на саканото лице да му ја возвратите посветеноста и нежноста која ви ја дава.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можете да очекувате малку потежок ден бидејќи ве очекуваат многу обврски, а генерално имате недостаток на енергија. Во љубовта ќе бидете незадоволни од партнерот бидејќи не покажал доволно почитување кон вас.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Не сте претерано фокусирани на работата па ќе правите мали пропусти и грешки. Сепак, ќе немате сериозни проблеми. Во љубовта можете да очекувате возбудлива ситуација.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Доколку планиравте деловно патување, можете да очекувате многу позитивен ден. Во љубовта постепено се одалечувате од саканото лице, иако за тоа не сте свесни.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Долго очекуваната уплата на пари на вашата сметка конечно ќе дојде. Ќе успеете да решите некои грижи кои сте ги имале. Во љубовта имате потреба вашата врска да ја направите максимално стабилна, но не претерувајте.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можно е прилично тешко да ви паднат денешните работни обврски и ќе имате потреба за одмор. Во љубовта ќе ги преиспитувате случувањата од минатото и ќе се обидете да сфатите каде сте погрешиле.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Во себе ќе имате многу сила, па поради тоа ќе ги надминете тешките деловни моменти. Во љубовта ќе ви допадне некој Стрелец, ќе сакате да го освоите.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Среќни сте бидејќи знаете дека можете да се потпрете на блиските пријатели и колегите кои секогаш ви се на располагање. Уживате во авантурите и не сте подготвени за сериозна врска.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можете да очекувате позитивен ден во кој ќе добиете добра прилика да остварите дополнителна заработка. Во љубовта слободните ќе уживаат во својата слобода, зафатените ги очекуваат расправии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП