29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА започна истрага против Стеауа, Бешикташ и Фенербахче

УЕФА започна истрага против Стеауа, Бешикташ и Фенербахче

nogometna lopta

Европската фудбалска федерација УЕФА објави дека го испитува романскиот гигант Стеауа, како и турските Бешикташ и Фенербахче кои се под обвинение за местење фудбалски натпревари.

Претседателот на Стеауа, Џиџи Бекали веќе има ефективна пресуда за корупција и беше осуден на три години затвор минатата недела, откако се докажа дека давал мито на играчи на Универзитатеа Клуж во 2008-та година. УЕФА пак започна истрага за романскиот тим по обвиненијата за местење на натпревари и на тој начин клубот би можел да биде исклучен од европските турнири поради претходните престапи.

Од федерацијата сепак не објавија какви точно се обвинувањата кон Романците, а исто така и кон Бешикташ. Информацијата е дека обвинението се гради на база на фактот дека двајца вработени на турскиот тим се испитуваат во врска со финалето на Купот на Турција во 2011-та година, кој беше освоен токму од гигантот во пресметката со Истанбул Б.Б. по изведувањето на пенали.

Двата случаи ќе бидат разгледани од Дисциплинската комисија на УЕФА на 21 јуни (петок) во Нион. Следниот ден комисијата ќе го разгледа и случајот со Фенербахче. Пет официјални лица од тимот се обвинети за местење на натпревари. УЕФА пак ќе ја објави одлуката за трите случаи на 24 јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП