19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрвото „Ел класико“ на 28 октомври, на стартот Валенсија – Атлетико

Првото „Ел класико“ на 28 октомври, на стартот Валенсија – Атлетико

Фудбалскиот фудбалски сојуз денес го објави распоредот на натпреварите за претстојната сезона. Новата сезона во Ла Лига ќе почне на 19 август.

Барселона одбраната на титулата ќе ја почне на домашен терен против Алавес. Првиот меч во сезоната пред своите навивачи ќе го одигра и Реал Мадрид. На „кралскиот клуб“ ќе му гостува градскиот ривал Хетафе.

Дербито на првата рунда ќе се одигра на „Местаља“ во Валенсија, каде што ќе гостува вицешампионот Атлетико Мадрид.

Првото големо дерби во сезоната ќе се одигра на 30 септември, кога на „Сантијаго Бернабеу“ Реал ќе го пречека градскиот ривал Атлетико.

Првото „Ел класико“ оваа сезона ќе се одигра на 28 октомври, кога Реал ќе гостува кај Барселона. Во вториот дел од сезоната Барселона ќе гостува во Мадрид на 3 март 2019 година.

Каталонците на Атлетико ќе му гостуваат на 25 ноември.

Ла Лига, 1.коло:

Атлетик Билбао-Леганес
Бетис-Леванте
Барселона-Алавес
Реал Мадрид-Хетафе
Селта-Еспањол
Еибар-Уеска
Џирона-Ваљадолид
Рајо Ваљекано-Севилја
Виљареал-Реал Сосиедад
Валенсија-Атлетико Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП