19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФФМ го одложи почетокот на првенството во Првата МФЛ

ФФМ го одложи почетокот на првенството во Првата МФЛ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одложи почетокот на првенство во Првата МФЛ за една недела поради комплетирање на документацијата во процесот на лиценцирањето на клубовите за сезоната 2018/2019.

„Извлекувањето на паровите за натпреварувачката сезона 2018/2019 од Првата МФЛ ќе се одржи на 1 август 2018 (среда) во 12 часот во Куќата на фудбалот.

Почетокот на натпреварувачката сезона 2018/2019 се презакажува за 12 август 2018 (недела) поради комплетирање на документацијата во процесот за лиценцирање на клубовите за претстојната сезона.

Сите клубови се поканети со свој претставник да го следат извлекувањето на паровите за натпреварувачката сезона 2018/2019 во Првата МФЛ“, стои во соопштението објавено на интернет-страницата на ФФМ.

Инаку, и оваа сезона во Првата МФЛ ќе се натпреваруваат 10 екипи: Шкендија, Вардар, Работнички, Шкупи, Ренова, Победа, Силекс, Академија Пандев, Македонија ЃП и Беласица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП