25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарсијал може да бира, Челси, Баерн или Дортмунд

Марсијал може да бира, Челси, Баерн или Дортмунд

Францускиот фудбалер, Антони Марсијал, со нетрпение чека да замине од Манчестер јунајтед, а постојат три дестинации каде тој би ја продолжил кариерата: Челси, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Договорот на Марсијал со „црвените ѓаволи“ истекува за една година, а бидејќи не е меѓу првите опции на менаџерот Жозе Мурињо, тој посакува трансфер.

Од друга страна Манчестер јунајтед, не сакал да го продава талентираниот фудбалер, а како што пренесе „Скај спорт“, клубот планира да ја активира клаузулата во неговиот договор и да го задржи на „Олд Трафорд“ до јуни 2020 година.

Челси се уште не испратиле понуда за Марсијал, меѓутоа овој тим бил нај заинтересиран од британските тимови за неговиот трансфер. Веројатно Челси ја чека разврската со понудата на Барселона за Вилијан, па тие пари да ги искористи за трансферот на Французинот.

Од Германија пак доаѓаат информациите дека Баерн и Борусија веќе ги започнале преговорите со Манчестер јунајтед, меѓутоа сумата што ја нудат овие клубови не ги задоволува апетитите на „Олд Трафорд“.

Марсијал, во моментов, се наоѓа на трнејата на Манчестер јунајтед во САД и беше во стартната постава на првиот натпревар што го одиграа „црвените ѓаволи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП