ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Бугарија годинава двојно повеќе работници од странство

Во Бугарија годинава двојно повеќе работници од странство

Во Бугарија од јануари до почетокот на јули се издадени 6.700 дозволи за работа на странци од земјите надвор од Европската унија, а во истиот период минатата година биле ангажирани околу 3.000 работници од трети земји, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување.

Најмногу работници се ангажирани од Украина, Молдавија, Киргистан и Србија.

Странците од трети земји главно се вработуваат во бугарските хотели и угостителските објекти.

Во Бугарија просечната месечна нето плата изнесува 533 евра.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП