ПочетнаЕКОНОМИЈАВикендов второ прскање против комарци во Скопје

Викендов второ прскање против комарци во Скопје

Град Скопје известува дека претстојниов викенд ќе почне втората дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на град Скопје.

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот ќе се одвива в сабота и в недела во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција ќе почне в недела и ќе заврши најдоцна до четврток во периодот од 23 до 4 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП