23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung и LG: Со претставување на повеќе смартфони против кинеската конкуренција

Samsung и LG: Со претставување на повеќе смартфони против кинеската конкуренција

Според пишувањето на тајванската интернет страна „Digitimes“, јужнокорејските производители на паметни телефони настојуваат да се борат против се помоќната конкуренција од Кина со помош на посебна стратегија.

Целта на компаниите „Samsung“ и „LG“ во текот на оваа година е да претстават што е можно повеќе модели на паметни телефони, а на тој начин да бидат повеќе присутни на сите светски пазари и во сите ценовни сегменти кога станува збор за смартфоните, од „entry-level“ до премиум уредите.

„Samsung“ и „LG“ во првата половина од оваа година претставија девет, односно осум нови паметни телефони, додека во 2016-та и 2017-та, двете компании претставија вкупно 11 смартфони.

Сепак треба да се споменат податоците од пазарот (Strategy Analytics) кои говорат дека пазарот на смартфони е во пад, а во текот на првиот квартал од оваа година е забележан пад во испораките од 3% на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП